Реакција на КК Гостивар за распределувањето на општински пари за спорт

Управата на кошаркарскиот клуб Гостивар, со соопштение реагира на предлог одлуката за распределбата на финансиски средства наменети за спорт која идната недела треба да се разгледува и гласа на седница на Советот на општина Гостивар.

Според реакцијата, се искажува незадоволство, бидејќи речиси половината од предвидените средства за поддршка на спортот треба да ги добие фудбалскиот клуб кој настапува во втората државна лига.

Во дописот, од управата на кошаркарскиот прволигаш се наведува дека надлежната комисија за 21 седница доставила предлог со кој од предвидените 9,2 милиони денари, 4 милиони треба да добие еден клуб, а остатокот да се распредели на останати спортски субјекти во Гостивар.

– Со целосна почит кон сите спортски клубови од Гостивар, реакцијата не е насочена кон нив, туку кон функционерите кои имаат обврска должноста да ја спроведуваат согласно законот и актите на локалната самоуправа. Јавно ги прашуваме сите одговорни во општината, советници, функционери, членови на комисии, градоначалник: Според кој критериум ги распределувате јавните пари на граѓаните на Гостивар, се наведува во реакцијата.

Од кошаракрскиот клуб Гостивар јавно прашуваат по кој критериум на второлигашки клуб му се доделуваат 4.000.000 денари од 9.200.000 денари вкупниот буџет за спорт, а колку тогаш му следува на лидерот на табелата во најелитното кошаркарско натпреварување во државата.

– Никогаш не сме се мешале во работата на политичарите, иако се плаќаат со наши пари, но ваква лакрдија, непочитување и понижување кон најголемиот репрезент и спортски колектив од градот, нема да дозволиме. Со сите законски мерки ќе настојуваме распределбата на парите од граѓаните да оди според заслугите, успесите. Јавно ги повикуваме сите советници, градоначалник, функционери кои се дел од ова, да ја преиспитаат нивната одлука и еднаш засекогаш покажат достоинство, чесност и карактер, почитуваајќи ги законите и успехот, а во случајов и волјата на граѓаните, стои во дописот од клубот.

Според предлог одлуката која треба да биде точка на дневен ред на 21-та седница на Советот на општина Гостивар се предлага да се доделат финансиски средства од буџетот на општината во износ од 4 милиони денари на Фудбалскиот Клуб Гостивар-Гостивар кои се предвидени во програмата: спорт и рекреација, на ставка 463 – трансфери за спортски клубови. Овие средства се одобруваат за тековата 2020 година.

Локални власти: Три лица загинаа во руски напади на југот на Украина

Најмалку три лица загинаа синоќа, а 20 се ранети во руските напади во областа Днепропетровск на југот на Украина, соопштија локалните власти.

„Во Днепар гори петкатна зграда. Под урнатините може да има луѓе“, напиша на својата канал на Телеграм регионалниот гувернер Сергиј Лисак.

Во Русија, гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков изјави дека 25 проектили биле соборени во близина на украинската граница.

Нема информации за повредени, напиша Гладков на Телеграм, додавајќи дека се оштетени неколку згради. /МИА

ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено

Изминатото деноноќие имало вкупно 1 709 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, од кои „реални“ повици биле 49,68 отсто, а 50,32 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кон полиција биле упатени 71,16 отсто, кон итната медицинска помош 23,72 проценти, а кон пожарникарите 1,86 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека изминатите 24 часа нема пожари на отворен простор.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

МААЕ: Нема штета на нуклеарните постројки во Иран

 Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нема штета на иранските нуклеарни постројки, откако Израел изврши одмазнички напади. 

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме двете страни на екстремна воздржаност. Нуклеарните објекти никогаш не треба да бидат цел во воени конфликти“, се вели во соопштението на МААЕ на IX (Твитер).

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Потоа Израел предупреди дека ќесе одмазди за нападот со стотици проектили и беспилотни летала, од кои најголемиот дел без пресретнати од противвоздушната одбрана. Инаку, нападот на Иран врз Израел беше одмазда за нападот врз иранскакиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа неколку високи офицери. Иран за нападот во Сирија го обвини Израел, а Тел Авив ниту потврди ниту демантираше дека стои зад нападот. /МИА

притисни ентер