Бројот на заразени од новиот тип на коронавриус во централна Кина се зголеми на 830

Бројот на заразени од новиот тип на Коронавриус во централна Кина се зголеми на 830, а досега умреа 25 лица, објавија утринава државните кинески медиуми.

Истовремено, кинеската провинција Хубеи, во која вирусот се појави, побара поголема финансиска помош од државните власти. Засега во 10 градови на провинцијата Хубеи не работи јавниот транспорт.

Новиот вирус и припаѓа на групата вируси кои предизвикаа САРС, болест од која пред 17 години умреа 800 лица ширум светот, а исто така почна да се шири од Кина.

Во меѓувреме, британските власти соопштија дека пациент со симптоми на Коронавирус е примен во болница во Белфаст, Северна Ирска, каде тестирањето е во тек за да се утврди дали е позитивен за вирусот.

Три лица се исто така задржани и во Глазгов и Единбург, откако пристигнале со директен лет од кинескиот град Вухан со симптоми на инфекција од Коронавирус.

Светската здравствена организација по дводневното заседавање, сепак не прогласи вонредна ситуација на меѓународно ниво, заради Коронавирусот...

Видео: Старт со две нозе за во „затвор“ предизвика општа тепачка меѓу фудбалерите

Фудбалер крвнички стартуваше на својот противник, за ваков старт треба да се добие затворска казна, потоа настана општ хаос на теренот. Не се знаеше кој кого тепа и удира.

Добрите познавачи на фудбалот ќе речат е тоа е Јужна Америка и тој жежок темперамент.

Инцидентот на фудбалски натпревар се случил на натпревар од понизок ранг, во некој од земјите во Латинска Америка.

Фудбалер на една непозната јужноамериканска екипа стртувал страшно на противникот, со две нозе директно во коленото, по што на теренот избила општа тепачка.

Германија бара уште повеќе работници од Балканот

Германија со нов закон ги олеснува условите за работниците од западен Балкан кои сакаат да дојдат да работат кај нив.

 Германската економија зависи од имиграцијата, па затоа федералната влада започна програма за привлекување странски експерти.

„Без странски експерти, ние нема да можеме да ја одржиме нашата благосостојба. Не можеме едноставно да ги чекаме овие луѓе, мора да работиме напорно за нив“, вели федералниот министер за труд Хубертус Хајл, пренесува Дојче Веле.

Германското биро за статистика тврди дека бројот на работоспособни во Германија ќе се намали за четири до шест милиони до 2035 година.

Во многу индустрии веќе има недостиг на работна сила. Според германската трговска и индустриска комора дури 56 отсто од анкетираните фирми во моментов сметаат дека недостигот на работна сила е најголем деловен ризик. 

Секоја трета германска компанија вработува работници од други земји на ЕУ и трети земји во последните години. Многу бизниси не се во состојба да преземат нови нарачки поради недостаток на работници и претрпуваат огромни финансиски штети.

ПИЛЕШКО КРИСПИ

Рецепт на Бобан Симоновски

Потребни состојки:  200 гр.пилешки гради , малку моцарела, неколку листа свежа рукола, 100 гр. брашно, 1 јајце, 100 гр. корнфлекс, малку рендан пармезан, маслиново масло, сончогледово масло, малку зачин од сув мешан зеленчук, неколку листа млад свеж спанаќ, малку крем балсамико, неколку шери доматчиња, парче сув цитрон и малку домашен мајонез со куркума.

          Постапка:

          Пред  да се истенчат со толчење, пилешките гради се полеваат со маслиново масло и се зачинуваат со зачин од мешан сув зеленчук.

          Истенчените гради се делат на 4 дела.

          На секој дел се става малку моцарела и свежа рукола и се формираат топчиња.

          Последователно се панираат со: брашно, јајце и корнфлекс измешан со рендан пармезан.

          Се пржат во загреано сончогледово масло 7 минути на 220 степени.

          Откако ќе се испржат се ставаат на кујнска хартија да се исцедат.

          Се сервираат во чинија на листови од млад свеж спанаќ.

          На спанаќот се додава крем балсамико, неколку шери доматчиња сечени на 4 дела и парче сув цитрон.

          Озозгора на топчињата се става домашен мајонез со куркума.

притисни ентер