НАСА бара помош: Да се избере име за новиот ровер за Марс

Учениците ширум Америка, од предучилишна возраст до средношколци, сугерираа дури 28,000 имиња за роверот за Марс 2020 дизајниран од НАСА.

Жирито го намали бројот на предлози на 155 полуфиналисти, а девет имиња влегоа во последниот круг, пренесува Си-Ен-Ен.

Тие можат да бидат изгласани на отворена анкета до 27 јануари, од чии резултати ќе се одлучи името на новиот ровер што ќе патува во Црвената планета од летото оваа година, кога е планиран неговиот транспорт до Марс.

Еве список со имиња за кои можете да се гласа:

1) Endurance (Издржливост);

2) Tenacity (Истрајност);

3) Promise (Вертување);

4) Perseverance (Упорност);

5) Vision (Визија);

6) Clarity (Јасност);

7) Ingenuity (Генијалност);

8) Fortitude (Сила);

9) Courage (Храброст);

Резултатите од истражувањето, името на роверот и името на студентот што го предложил, ќе бидат објавени на 15 март. Студентот чие име е избрано ќе има можност да го види лансирањето на овој ровер, кое е закажано за јули.

Овој ровер ќе се приклучи на голема мисија за истражување на Марс на НАСА, а неговото слетување на оваа планета се очекува во февруари 2021 година, кога ќе слета во езерото Кратер. Овој кратер го добил името според словенскиот збор затоа што останал како сведоштво по сушењето на езерото кое постоело пред 3,5 милијарди години.

Роверот е дизајниран да собира примероци од Марс кои ќе бидат вратени на Земјата за анализа. Ќе пребарува знаци на живот, минерални наоѓалишта и можни микроскопски фосили во кратерот и околината, што ќе им помогне на научниците да утврдат дали некогаш бил можен живот на Марс.

Покрај тоа, Rover 2020 ќе ги тестира и дупчењата на почвата и ќе тестира дали таму јаглерод диоксидот може да се претвори во кислород.

Продолжен рокот за мислења и забелешки до АЕК за издавање одобренија за 5Г

 До 20 април е продолжен рокот во којшто до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) може да се достават мислења и забалешки од заинтерсираните страни во врска со издавање одобренија за користење радиофрекфенции за 5Г технологијата.

Според АЕК, рокот што првично беше предвиден до 6. следниот месец, се продолжува поради важноста за успешна имплементација на 5Г во државава, откако барања за продлжување доставиле двата мобилни оператора Македонски Телеком и А1 Македонија.

Македонски Телеком побарале продлжен рок за мислење и забелешки до 15 април,  а А1 Македонија, пак, до 20 април.

-Земајќи ја во предвид важноста за успешна имплементација на 5Г во Македонија, Агенцијата за електронски комуникации го продолжува рокот за достава на мислења и забелешки најдоцна до 20.04.2020 година, стои во објавата на веб страницата на АЕК.

Како што најави неодамна директорот на АЕК Сашо Димитријоски, до крајот на годинава АЕК ќе ги објави тендерите за 5G спектрите и потоа останува на операторите кога ќе бидат подготвени да стартуваат со примената.

Новата 5Г технологија треба да овозможи значително поголема брзина на податочните услуги, промени во начинот на користење интернет, нови продукти од мобилните мрежи на операторите, намалување на бројот на подрачја на кои не постои можност за широкопојасен пристап.

Проценките на АЕК се дека за примената на 5G ќе треба да се зголеми бројот на базни станици за десет до 100 пати повеќе од постоечкиот, но, како што истакна Димитријоски, нема потреба од загриженост дека новите технологии се штетни ниту отпор кај граѓаните затоа што таквите тврдења биле шпекулации.

АЕК врши мерења на сите базни станици на електронските оператори во државата и со проектот што ќе трае до крајот на  годинава ќе се види од секоја точка на секој предавател на операторите колкави се зрачењата. Новите технологии не можеме да ги спречиме, можеме само да ја олесниме нивната примена и на некој начин да им укажеме на граѓаните со видливи и мерливи резултати што значи таа нова технологија и дали и колку таа влијае на човековото здравје, порача Димитријоски.

Македонски Телеком во ноември лани во центарот на главниот град изврши тестирање на 5G на фрекфенции што ги побара од АЕК за времено користење.

Според Европскиот акциски план за имплементирање на 5G, најмалку еден голем град ќе треба да биде покриен со 5G сигнал до крајот на годинава, а потоа сите урбани средини и главни патни правци да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал до крајот на 2025./МИА

Тојота најави нов мал „SUV“ модел

Од оваа година Тојота ќе има уште еден мал „SUV“ модел.

Овој нов мал „SUV“ ќе дебитира на 3 март на саемот за автомобили во Женева и ќе ја претстави последната хибридна техологија и за разлика од останатите ривали ќе има погон на сите четири тркала.

Тојота прво покажа тизер на кој се гледаат задните светла од овој автомобил, како и дека станува збор за модел со хибриден погонски систем и погон на сите четири тркала.

На саемот во Женева ќе виде прикажан и новиот хибриден „RAV 4“, како и „GR Yaris“.

На СОС телефонот на „Меѓаши" лани 113 јавувања, нема повици од деца

 На СОС телефонот при Првата детска амбасада во светот „Меѓаши" изминатата година се регистрирани 113 јавувања, што е нешто повеќе од годината пред неа и има тренд на зголемување. 

Најчесто на телефонот се јавуваат возрасни и нема јавувања од деца. Тоа е показател дека треба поинтензивно да се работи на охрабрување на децата да се јавуваат.

Ова денеска на прес-конференција го истакна координаторот на СОС телефонот, Јорданка Черепналкова Трајкоска, која рече дека од 113 јавувања 69 отсто биле од септември до ноември минатата година, а 34 отсто од сите регистрирани случаи се во септември, што се должи на проблемот кој тогаш беше актуелен, а тоа беше незапишани деца во прво одделение заради непримената задолжителна МРП вакцина која беше резултат на одлуката на Владата поради епидемијата со морбили.

– Размислуваме да воспоставиме координација меѓу сите кои сме засегнати и секој да придонесе заради доброто на децата, затоа што и на училиштата, здравствените домови и на центрите, односно сите кои имаат директна или индиректна врска со децата интересот е детето. Почнуваме една таква иницијатива за да видиме кој каде во тој систем може најдобро да придонесе. Подлабок е проблемот, треба поинаку да се пристапи. СОС е само една алатка, истакна Черепналкова Трајкоска на презентацијата на годишниот извештај за работата на СОС телефонот.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека мал е процентот за постигнување ефикасност во решавање на проблемите и посочи дека можеби треба поинтензивно да работат, со цел со едно јавување, обраќање или интервенција да може да се реши случајот кој може трае подолго време и се инволвирани повеќе чинители, а треба и посистематски и посистемски да се вклучат. Појасни дека институциите одговараат на нивните јавувања.

– Од сите кои ни се јавуваат 74 отсто се Македонци, 19 отсто се Роми, а четири отсто се Албанци. Ова е показател дека треба да преземеме нешто за да ја доближиме СОС линијата до сите останати етнички заедници, додаде Черепналкова Трајкоска.

Претседателот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши", Драги Змијанац рече дека децата не се јавуваат на линијата најверојатно поради тоа што немаат доверба дека институциите ќе постапат соодветно и многу често по нивни дојави или дописи се случува институциите тогаш дури да се стават во функција во заштита на децата и нивните права.

– Ние колку и да сакаме да ги охрабруваме да се јавуваат децата таа сигурност ја немаат. Во одреден случај е спорна и анонимноста, бидејќи многу често се случува кога сакаме да ја загарантираме анонимноста, државните институции да бараат од нас да го пријавиме дојавувачот, што е спротивно на кодексот на работа на СОС телефонот за деца и млади при Меѓаши. Од 113 случаи на прекршени детски права изминатата година директно биле опфатени 228 деца, истакна Змијанац.

Додаде дека првите пет најчести прекршувања на правата на детето според категоријата на проблемот на кој се однесува дојавата се детската сиромаштија (25 отсто), правото на образование (19 отсто), видување со двајцата родители (11 отсто), семејно насилство (седум отсто) и насилство во воспитно – образовните институции (шест отсто).

притисни ентер