Муслимански свештеник е суспендиран , кога по две недели брак забележал дека невестата е машко (ВИДЕО)

Имам од Уганда е суспендиран од своите должности, откако било откриено дека се оженил со маж без да знае .

Шеикот Мохамед Мутумба (24) неодамна беше суспендиран од должностите како имам во џамијата Kyampisi Masjid Noor во градот Кајунга, откако неговата сопруга, со која бил во брак две недели, е фатена како краде телевизор од соседот.

Но, кражбата не била причина за суспензијата на имамот, туку шокантното откритие дека неговата сопруга, Свабулах Набукера, всушност била маж. Мутумба не знаел ништо за вистинскиот пол на неговата сопруга, а веста го шокирала, пренесува Oddity Central. Меѓутоа, верските лидери го отстраниле од должноста да го „зачуваат интегритетот на верата“.

Мутумба и неговата „невеста“ се венчале на традиционален исламски обред минатиот месец. Фотографиите направени на настанот ги прикажуваат младенците кои се смешкаат, опкружени со семејството и пријателите. Амиси Кибунга, која работи во џамијата во Камписи, изјави за „Дејли монитор“ дека тој и повеќето луѓе што ја запознале мајката на невестата биле измамени од нејзиниот глас и однесување.

„Имаше сладок глас и зборуваше како жена“, вели Кибунга и додава дека слушнала дека Мутумба се пожалил по четири дена брак бидејќи неговата „жена“ не сакала да се соблече. Надвор од куќата, Набукера секогаш носела хиџаб или традиционален фустан, што не предизвикал сомнеж. Таа ги извршувала сите свои вообичаени должности, како што се готвење, чистење и перење алишта, така што Мутумба не се посомневал.

Вистината излезе на виделина кога „сопругата“ на имамот се обидела да украде телевизор и облека од соседите. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, ја пребарала да види дали таа скрила нешто и открила дека станува збор за маж.

Тој подоцна признал дека неговото вистинско име е Ричард Тумушабе и дека се оженил со имамот Мохамед Мутумба во обид да му ги украде парите. Истрагата се уште трае.

Мутумба ја запознал својата „невеста“ преку неговата тетка Нуру Набукера, која живее во селото Китула. Платил мираз и тоа две кози, две вреќи шеќер и Коран.

Тетката е уапсена по шокантното откритие, но тврди дека не знаела дека Ричард е маж затоа што го запознала кога се облекувал како жена.

Новороденче, кое било прогласено за мртво, се разбудило на погребот- семејството верува во чудо

Бебе кое било прогласено за мртво набргу по раѓањето, е префрлено назад во болница во Парагвај откако добила знаци на живот за време на нејзиниот погреб.

Нејзините блиски кои се потресени од сѐ, изјавија дека не исклучуваат „Божја интервенција“, пренесува El Tiempo.

Девојчето е родено околу пладне во петокот со царски рез, откако нејзината 21-годишна мајка имала компликации во седмиот месец од бременоста.

Но, бебето било прогласено за мртво и предадено на семејството заедно со потврдата за смрт.

Таткото на бебето, Игнасио Медина, изјавил за локалната телевизија Телефутуро дека телото на бебето го добил „целосно виолетово“.

Семејството, кое веќе претрпело загуба на уште едно бебе од оваа двојка, наместо да слави, отишле на погребот во Минго Гуазу, место на околу 20 километри од Сиудад дел Есте, главниот град на департманот Алто Парана, кој граничи со Аргентина и Бразил.

„Ја однесовме кај мајка ми и таму ја гледавме“, рече Медина.

Тој рече дека непосредно пред да заминат на гробиштата, еден од неговите чичковци забележал дека бебето мрда со главата и ги известил присутните.

„Потоа отидовме да ја провериме и срцето ѝ чукаше“, додал таткото кој веднаш го однел бебето во болница.

Кога таткото на бебето го прашал што се случило, директорот на Регионалната болница во Сиудад дел Есте, Федерико Шредел, не ја исклучил можноста дека се работело за катаплексија.

„Поради состојбата со предвремено раѓање, тоа може да се случи, практично пациентот останува без знаци на живот“, додаде специјалистот и предупреди дека ваков случај може да се случи еднаш на секои пет милиони раѓања.

Исто така, Пабло Лемир, директор на судска медицина на Министерството за правда во Парагвај, исто така објасни дека тоа може да биде катаплексија или синдром на „очигледна смрт“.

„Нема чукање на срцето, нема дишење, телото е опуштено, бледо, станува сино или виолетово и обично се решава спонтано и необјасниво“, изјави тој за парагвајскиот медиум ABC Colors.

Според експертот, бебето било родено предвреме и тоа ги исклучило опциите за лекарите.

„Во 26-та недела од бременоста и со таа тежина, белите дробови не се подготвени да бидат надвор од матката, ниту пак нервниот систем е правилно развиен“, рече тој.

Од друга страна, роднините не исклучуваат „божествена интервенција“ и тврдат дека девојчето, сепак со резервирани прогнози, ќе се вика Милагрос де Жезус, што во превод значи „Чудо Исусово“.

Момче падна од 40 метри висок гребен во Италија- пријателите немоќно гледале (ВИДЕО)

Момче (14) од Арика, Италија, доживеа трагична судбина кога со другарите го посети езерото Неми, не сфаќајќи дека ќе падне од дрво по стрмна карпа од 40 метри и ќе загине.

Тој наводно се одвоил од својата група пријатели и се обидел да стигне до највисоката точка на Виа Перино, но гранката од дрвото на која се качувал се скршила и момчето се превртело врз карпата, објави Мирор.

Тинејџерот паѓал над 30 метри, а неговите пријатели беспомошно гледале и веднаш го вклучиле алармот.

Пожарникарите од Неми и карабинерите веднаш пристигнале на местото на настанот, но не можеле ништо да му направат на момчето, освен да констатираат смрт.

Телото е пренесено во болницата Кастели во Арикио, а потоа во Институтот за судска медицина во Рим.

Брутално убиство во Њујорк: Во фрижидер е пронајдена отсечена човечка глава и делови на тело

Маж од Њујорк е обвинет за убиство откако во фрижидерот на неговиот стан во Бруклин биле пронајдени човечка глава и делови од телото, соопшти денеска полицијата.

Николас Мекги (45) е уапсен во четвртокот попладне и обвинет за грабеж, криење на човечко тело и компромитирачки докази, соопшти њујоршката полиција, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Посмртните останки на 40-годишниот Кошин Гелцер биле пронајдени на 22 јануари во станот што Мекги го делел со Хедер Стајнс (45), која исто така е уапсена за криење на човечки труп.

Полицајците рекоа дека одговориле на повикот од станот и пронашле повеќе црни кеси со делови од тело во фрижидерот и замрзнувачот.

Според кривичната пријава, лекарите подоцна го идентификувале Гелцер преку отпечатоци од прсти.

Полицијата денеска не соопшти повеќе детали за случајот, ниту пак како и кога е убиен Гелцер.

притисни ентер