Со употреба на јавен простор, Санчез го прекршил законот за непристрасност во предизборната кампања, пресуди денеска Централното изборно собрание, орган надлежен за спроведување на изборите. Ова е првпат телото да казни шпански премиер. Казните за вакви прекршоци се движат од 300 до 3000 евра.
Санчез, лидер на Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), е на власт од јуни 2018 година и се кандидираше за премиер на изборите на 10 ноември. Пет дена пред изборите, тој даде интервју за шпанската телевизија Ла Секста, кое беше снимено во просториите на зградата на владата, а потоа се емитуваше на тогашната владина страница.
Изборното тело заклучи дека користел јавен простор, зграда и веб-страница за предизборни цели, со што ја нарушил законската непристрасност.
Тогашниот министер за образование и портпаролката на владата, Изабел Чела, исто така се казнети за одржување прес-конференции во зградата на владата за време на предизборната кампања, испраќајќи предизборни пораки. Портпаролката мора да плати 2200 евра казна.
Санчез освои најмногу гласови на изборите, но не доволно за самостојно да формира влада, по што постигна договор за коалициска влада со помалата левичарска партија Унидас Подемос. Владата, која што ја презеде функцијата овој месец, е прва коалициска влада во Шпанија во последните 80 години.