Грипот продолжува да коси во земјава: Регистрирани 1000 заболени минатата недела

Еден пациент е во животно загрозувачка состојба поради компликации од грипот кој продолжува да ги полни болниците.

 На Инфективната клиника во Скопје хоспитализирани се четиринаесет пациенти заболени од грип и компликации од кои најчесто е пневмонија. Досега кај 5 пациенти лабараториски е потврдено дека станува збор за грипот AH1/N1.

Од инфективна велат дека сите пациенти кои се носители на грипот во моментов се не вакцинирани и дека меѓу нив има и деца. Оттаму порачуваат дека вакцинацијата е најдобра превентивна мерка, но исто така порачуваат граѓаните посебно да внимаваат на хигиената.

Во лабараторијата на ИЈЗ, велат, пристигнати се 40 материјали за тестирање на од кои половина се позитивни на грип. Нивните тестирања кажуваат дека станува збор за три типа на вируси А/H1, A/H3 и типот Б.

Изминатава недела на државно ниво регистрирани се 1.100 заболени од грип или 90 проценти повеќе од седмицата пред тоа, податок што ги потврди очекувањата дека пикот на сеознскиот грип ќе биде во втората половина од јануари и почетокот на февруари..

Бројот на грипосани во Гевгелија во рамки на сезонскиот просек

Во Регионалниот центар за јавно здравје во Гевгелија до сега се пријавиле околу 110 заболени лица со симптоми на грип, што се смета за бројка во рамки на сезонскиот просек, рече денеска епидемиологот Сашо Олумчев.

Бројот на регистрирани во Општина Гевгелија не е алармантен и покрај тоа што во текот на оваа недела вирусот би можел да има висока активност и поголема распространетост, велат од Центарот од каде потврдија дека неделава поголем на број на пријавени се регистрирани кај помладата популација од пет до 19 годишна возраст.

Вирозите во гевгелиските училишта секојдневно ги празнат училиниците и голем е бројот на деца кои отсуствуваат од настава, но барем до сега овен што часовите се скратени за 15 минути, нема најава дека би можело да дојде до прекин на наставата.

Слична е ситуацијата и во детските градинки каде некои родители велат дека отуството на нивните деца има превентивно значење. /МИА

Продолжен рокот за мислења и забелешки до АЕК за издавање одобренија за 5Г

 До 20 април е продолжен рокот во којшто до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) може да се достават мислења и забалешки од заинтерсираните страни во врска со издавање одобренија за користење радиофрекфенции за 5Г технологијата.

Според АЕК, рокот што првично беше предвиден до 6. следниот месец, се продолжува поради важноста за успешна имплементација на 5Г во државава, откако барања за продлжување доставиле двата мобилни оператора Македонски Телеком и А1 Македонија.

Македонски Телеком побарале продлжен рок за мислење и забелешки до 15 април,  а А1 Македонија, пак, до 20 април.

-Земајќи ја во предвид важноста за успешна имплементација на 5Г во Македонија, Агенцијата за електронски комуникации го продолжува рокот за достава на мислења и забелешки најдоцна до 20.04.2020 година, стои во објавата на веб страницата на АЕК.

Како што најави неодамна директорот на АЕК Сашо Димитријоски, до крајот на годинава АЕК ќе ги објави тендерите за 5G спектрите и потоа останува на операторите кога ќе бидат подготвени да стартуваат со примената.

Новата 5Г технологија треба да овозможи значително поголема брзина на податочните услуги, промени во начинот на користење интернет, нови продукти од мобилните мрежи на операторите, намалување на бројот на подрачја на кои не постои можност за широкопојасен пристап.

Проценките на АЕК се дека за примената на 5G ќе треба да се зголеми бројот на базни станици за десет до 100 пати повеќе од постоечкиот, но, како што истакна Димитријоски, нема потреба од загриженост дека новите технологии се штетни ниту отпор кај граѓаните затоа што таквите тврдења биле шпекулации.

АЕК врши мерења на сите базни станици на електронските оператори во државата и со проектот што ќе трае до крајот на  годинава ќе се види од секоја точка на секој предавател на операторите колкави се зрачењата. Новите технологии не можеме да ги спречиме, можеме само да ја олесниме нивната примена и на некој начин да им укажеме на граѓаните со видливи и мерливи резултати што значи таа нова технологија и дали и колку таа влијае на човековото здравје, порача Димитријоски.

Македонски Телеком во ноември лани во центарот на главниот град изврши тестирање на 5G на фрекфенции што ги побара од АЕК за времено користење.

Според Европскиот акциски план за имплементирање на 5G, најмалку еден голем град ќе треба да биде покриен со 5G сигнал до крајот на годинава, а потоа сите урбани средини и главни патни правци да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал до крајот на 2025./МИА

Тојота најави нов мал „SUV“ модел

Од оваа година Тојота ќе има уште еден мал „SUV“ модел.

Овој нов мал „SUV“ ќе дебитира на 3 март на саемот за автомобили во Женева и ќе ја претстави последната хибридна техологија и за разлика од останатите ривали ќе има погон на сите четири тркала.

Тојота прво покажа тизер на кој се гледаат задните светла од овој автомобил, како и дека станува збор за модел со хибриден погонски систем и погон на сите четири тркала.

На саемот во Женева ќе виде прикажан и новиот хибриден „RAV 4“, како и „GR Yaris“.

притисни ентер