Прв пат во историјата е снимено спојување и разделување на атоми (ВИДЕО)

Научниците успеаја за прв пат во историјата да снимат видео на кое се гледа спојувања и раздвојувања на атоми, процес што се одвива во размер што е 500.000 пати помал од дијаметарот на човечко влакно.

Користејќи ги „напредните методи на микроскопија“, физичарите и хемичарите од универзитетот „Улм“ во Германија и универзитетот Нотингем во Велика Британија беа во можност да го снимат врзувањето, а потоа и раздвојувањето на два атоми со големина помеѓу 0,1 и 0,3 нанометри, пренесува Скај њуз.

За да го постигнат ова, тие користеле микроскоп за електронски трансмисија (ТЕМ) за да набљудуваат многу тенок примерок преку тенок зрак на високо-енергетски електрони. Јаглеродните наноцевки, тенки шупливи јаглеродни цевки, биле користени за да се фатат атомите и молекулите и да се позиционираат таму каде што е потребно.

"Заробивме неколку атоми на рениум (Re) кои се здружија за да се формира Re2. Бидејќи раниумот има голем атомски број, полесно е да го видиме со ТЕМ отколку полесните елементи, така што би можеле да го идентификуваме секој атом на тој метал како темна точка", рече хемичарот Андреј Хлобистов од Универзитетот во Нотингем.

Рениумот е инаку еден од најретките елементи во природата. Тој е со сребрено бела боја, сјаен и многу тврд метал со голема густина и голема точка на топење. Неговиот атомски број е 75.

Во видеото, може да се види како двата атоми на рениумот се спојуваат едни со други, а потоа се движат и вибрираат, пред да се разделат и да се скршат.

"Колку што знаеме, ова е прв пат да се забележи развој, формирање и раздвојување на атомска врска. Веруваме дека некогаш во иднината, електронската микроскопија би можела да стане вообичаено прифатена метода за проучување на хемиските реакции", рече Хлобистов.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер