Холивудски актер покажа како пожарот го уништил неговиот имот во Австралија

Холивудскиот актер , Расел Кроу, покажа како изгледа неговиот имот во Нов Јужен Велс, Австралија по пожарот и како изгледа сега, по дождот.

Тој на Твитер објави две фотографии од истиот пејзаж на кои се гледа драстична разлика.

Големиот пожар што го зафати селото Нана Глен, кој се наоѓа на 25 километри северозападно од Кофс Харбур, уништи домови и имоти. Расел Кроу има 400 хектари земјиште во близина на местото, кое било погодено од пожарот, но тврди дека имал среќа што неговата куќа не била запалена.

Дрвјата и тревата беа целосно поцрнети по пожарот, но откако иамше неколку дождливи денови, зеленилото се врати, како што се гледа на фотографиите објавени од актерот на Твитер.

„Мојот имот пред 10 недели, по пожарот, и мојот имот утрово, после викенд со дожд“, напиша тој покрај објавените фотографии.

Кроу не бил во Австралија за време на пожарот, но дошол да ја види ситуацијата по него и да договори луѓе за да го исчистат неговиот имот.

Тој не дојде на наградата „Златен глобус“ , што ја освои за неговата улога во мини-серијалот „ The Loudest Voice “, но Џенифер Анистон го прочита неговиот говор во кој актерот ги повикува луѓето да соберат пари за да и помогнат на Австралија.

"Нема сомнение дека трагедијата што се шири во Австралија е резултат на климатските промени. Ние мора да работиме во склад со науката и да направиме глобален напор за да создадеме обновлива енергија, да ја почитуваме нашата планета поради нејзината  единственост и уникатност. Така, сите ќе имаме иднина". , пишува во писмото што го прочита Анистон.

Пеплосан електричен Порше Тајкан , причината за пожарот непозната (ВИДЕО)

Минатата недела, Порше Тајкан изгоре во гаража во куќа во јужна Флорида.

Покрај загубата на автомобилот, сопственикот се соочува и со оштетувања на домот кои не се мали.

Само пепел остана од луксузното електрично возило. Рамката на автомобилот сè уште постои, но комплетниот ентериер се претвори во отпад. Снимките сведочат дека автомобилот бил уништен до непрепознавање. Пожарот скоро целосно ги изгорел гумите на тркалата. Штетата на гаражата е голема, но барем може да се санира.

„Почнавме истрага и подготвени сме да помогнеме ако не повикаат. Единствена среќа е што нема повредени. Сè уште е рано да се проценат какви било можни причини. Чекаме да заврши истрагата“, вели портпаролот на полицијата, Калвин Ким.

Пожарите во кои се уништени електрични возила не се новост . Моделите на Тесла се запалуваа од непознати причини, а несреќите ги испитува компанијата и федералните безбедносни агенции во САД.

Резултатите од истрагата велат дека една од можните причини е дефект на батеријата на електричното возило. Додека темелно да се испита случајот со Порше, би било неодговорно да се шпекулира за можни причини, пишува Carbuzz.

Голема е веројатноста дека возилото не изгорело поради дефект, но сведочењето од соседите укажува дека се слушнала експлозија непосредно пред пожарот. Возилото од неодамна е во продажба и релативно малку Тајкани се возат по патиштата.

На Евросонг 2020 ќе гостуваат дури седум поранешни победници

Домаќин на годинешниот Евровизиски натпревар е Ротердам, каде ќе настапат седум поранешни победници во финалетниот дел на најпознатото музичко натпреварување.

На сцената во Ротердам ќе биде домаќин на Џиљола Чинкети, кој победи во 1964 година за Италија со песната Non ho l'età, Холанѓанецот Лени Кухр, кој ја освои титулата во 1969 година со песната De Troubadour, и Гети Касперс, која ја донесе победата за Холандија во 1975 година.

По 34 години, на сцената ќе се најде и белгиската пејачка Сандра Ким, која победи на натпреварот за песна на Евровизија со песната J’aime La Vie , кога имаше само 13 години.

Ќе гостуваат и Ирците Пол Харингтон и Чарли Мек Гитиган со песната Rock Rock, n 'Roll Kids , победници во 1994 година и многу омилениот победник на Евровизија, Норвежанецот Александар Рибак со својата песна Fairytale. Секако, како гостин ќе се појави и минатогодишниот победник Данкан Лоренс со песната Arcade.

Потресна снимка од Сирија: татко ја научил ќеркичката да се смее кога паѓаат бомби (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се прошири снимка од Сирија, на која што е невозможно да се остане рамнодушен.

Таткото Абдула Мухамед смислил начин за да и ги олесни звуците на војната на неговата тригодишна ќеркичка Салви и смисли игра - се смее секој пат кога ќе го слушнат звукот на бомбите.

Секој пат кога ќе се слушне експлозија, тригодишното девојче започнува да се смее со својот татко. Видеото се појави на Твитер, по што беше пренесено од бројни медиуми и е гледано десетици илјади пати. Таткото и ќерката живеат во Идлиб.

"Децата страдаат од психолошки проблеми и доживуваат нервни нарушувања како резултат на бомбардирањето. Таа е дете кое не ја разбира војната и не треба ниту да ја разбира", изјави таткото за британски Телеграф.

притисни ентер