Путин: Русија мора да остане силна претседателска република

Претседателот на Русија, Владимир Путин, беше запрашан за можен период на транзиција по завршувањето на мандатот по четири години ,а тој рече дека верува оти Русија мора да остане силна претседателска република.

Тој ова го рече денеска на телевизиска средба со студентите во Сочи.

Минатата недела Путин, кој според Уставот веќе не може да се кандидира за претседател, предложи уставни измени кои му даваат неколку опции за да ја задржи власта по истекот на неговиот мандат.

Меѓу нив е намалување на овластувањата на претседателот и засилување на премиерот, што предизвика шпекулации дека Путин може да се врати на позицијата што ја имаше од 2008 до 2012 година.

„Нашата земја, очигледно, мора да биде силна претседателска република. Тоа е првото нешто. Имаме толку многу етнички групи, националности, стилови на живот, што е практично невозможно да се интегрираат во парламентарна република“, рече Путин, сосема оддалечувајќи се од изјавите од минатата недела.

На прашањето дали Русија треба да се подготви за специфичен период на транзиција, како што стори Сингапур, Путин рече дека тоа не одговара на неговата земја.

Ли Куан Ју, основачот на современиот Сингапур, станал министер-ментор или еден вид советник по пензионирањето за да овозможи стабилност на власта.

„Тој беше извонреден човек. Тоа е точно. Тој беше, како што знам, 30 години на власт и ја основа државата, тоа е вистина. Сакате јас да бидам министер-ментор?"  праша Путин.

„Вашиот предлог ќе се спротивстави на институцијата претседател. Мислам дека не може да се примени за земја како Русија“, рече Путин, кој како претседател и премиер веќе дваесет години доминира во руската политика.

СДСМ: Мицкоски е ист како Груевски, тие знаат само за барок, споменици и провизии од промашени и недоградени патишта

Имаше време ВМРО-ДПМНЕ од 11 години, да направи нешто позитивно за државата и граѓаните  и на полето на економијата и инфраструктурата. 

Но, единствено што направија за време на нивното владеење е криминал на сите полиња од општественото живеење.

Времето на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане длабоко врежано во сеќавањето на граѓаните како криминално владеење, запаметено по грабежот од граѓаните, економскиот пустош и изградени  вкупно 10 километри автопат!

Денес извршителот Мицкоски повторно нема што друго да понуди, туку ја препишува и  копира програмата на СДСМ за инфраструктурата.

Нема идеја, нема програма, единствено на што е фокусиран Мицкоски  е одбраната на криминалот на Груевски.

Мицкоски треба да знае дека за препишување и плагијат се паѓа од испит и не само тоа, туку и се губи правото за полагање за 4 години, ако дотогаш воопшто остане претседател на криминалната ВМРО-ДПМНЕ после поразот на 12 април.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата нереформирана, заробена партија од Никола Груевски.

Уште една потврда за тоа е и што од оваа партија нудат предлог проекти кои веќе се во реализација и  влезени во програмата на Јавното претпријатие  за патишта.

Времето  на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ останува запаметено како време кога безмилосно се трошеа парите од Буџетот на барок, споменици и палми наместо на автопати, водоводи и канализации.

Секој проект криминален, со коруптивни зделки и скандали, со проценти, како што чувме од разговорите на Јанакиески и Груевски во стилот „да не се претераме".

На започнатиот дел од автопатот Миладиновци - Штип беа затекнати бандери на сред пат, без предвидени клучки ниту приклучоци за делницата на автопатот до Охрид.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во само 2.5 години мандат, изгради и рехабилитираше 750 километри патишта, го заврши автопатот Миладиновци - Штип и ги разреши сите недостатоци. Откочена е и изградбата на автопатот до Охрид, каде се поправија исто сите грешки и дупки во проектот.

Нема пат во земјава којшто не е обновен или веќе во фаза на обнова.

За само 2,5 години се изградија 400 километри канализации и водоводи.

Додека ВМРО-ДПМНЕ 11 години крадеше пари од граѓаните, СДСМ гради патишта, водоводи, канализации, се што е потребно за граѓаните.

Затоа залудни им се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски да манипулираат со граѓаните. Затоа што тие ни како власт ни како опозиција покажале дека работат во интерес на граѓаните ,туку токму спротивното.

Затоа, на 12 април граѓаните ќе ги поразат деструктивните ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат  режим -никогаш повеќе!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјите-членки на Европска унија ќе забранат увоз на овошје што содржи траги на хлорпирифос

Земјите-членки на Европска унија синоќа се договорија да забранат увоз на овошје што содржи траги на хлорпирифос, пестицид кој е штетен по човековото здравје.

Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе следи забрана на хлорпирифос во цела ЕУ.

По тримесечниот преоден рок секое увезено овошје со поголема количина на пестицидот од дозволеното ќе биде забрането да се продава во ЕУ.

Европскиот регулатор за безбедност на храната во август минатата година утврди загриженост поради „евентуалниот генотички ефект, како и неуролошкиот ефект во текот на развојот на децата“.

Милошоски и ја предаде на Русковска аудио снимката што ја пушти на собраниска комисија

-Обвинителката беше коректна, направи записник по предадениот материјал и рече дека ќе го вкчучи во истрагата за Меѓународниот сојуз. 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предал аудио снимката, која како што вели, ја добил од укажувач, а на која се претпоставува дека се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој откако и ја предал аудио снимката на обвинителката Вилма Русковска, рече оти добил ветување дека материјалот ќе се користи како доказ во случајот Меѓународен сојуз каде осомничени се Боки 13, неговиот татко, како и Фросина Ременски.

-Обвинителката беше коректна, направи записник по предадениот материјал и рече дека ќе го вкчучи во истрагата за Меѓународниот сојуз. Како што кажав, овие записи покажуваат декаЗоран Заев знаел за финансирањето на оваа невладина организација и на 1ТВ, рече Милошоски.

Според него, најдобро би било Русковска да го повика и Заев даде појаснување за разговорот.

Снимката што денеска ја предаде во Обвинителството, Милошоски минатата недела ја презентираше на седница на собраниска комисија.

Тој појасни дека дал само еден разговор, оној кој го пушти на седница на собраниската комисија, но не и материјал за кој бараше дозвола да го презентира на пленарна седница, за што не доби дозвола од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Дадов се што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие, рече Милошоски.

Доставувањето на аудио снимката денеска со кусо соопштение го потврдија и од Обвинителството.

-Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на негово барање, обвинителката Вилма Русковска го прими пратеникот Антонио Милошоски. На средбата Милошоски достави аудио материјал за кој по преслушувањето и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот, се вели во соопштението.

притисни ентер