Ако тоа се случи, ќе биде шести пат да се прогласи меѓународна вонредна состојба во последната деценија, објави Ројтерс.
Бројот на загинати од новиот коронавирус во Кина се зголеми на 19, додека бројот на заболени се искачи на 540, соопштија денеска официјалните лица.
Изворот на вирусот се верува дека е сличен на грипот од животинско потекло , а Светската здравствена организација се состана денеска за да одлучи дали појавата на болеста е светска здравствена криза, пренесува CNBC.
Кинескиот град Вухан, каде се евидентирани првите случаи на новиот корона вирус , ќе ги затвори сите сообраќајни и транспортни мрежи, а на граѓаните им било советувано да не го напуштат градот, јавуваат денеска државните медиуми.
Автобускиот, подземниот, фериботскиот и меѓуградскиот сообраќај ќе биде суспендиран , а аеродромот и железничката станица ќе бидат затворени за сите патници од утре, 23 јануари, со почеток во 10 часот по локално време.