Космонаутите од Вселенската станица им читаат на децата бајки пред спиење (ВИДЕО)

Благодарение на проектот Space Stories, децата ќе можат да слушаат приказни од вистински астронаути кои навистина читаат приказни од вселената.

Проектот е осмислен од астронаутите Бенџамин Алвин Дру Џниор и Патриша Трајб, учителка и поранешна директорка за образование во Вселенскиот центар во Хјустон.

Овој интересен проект работи на лесен начин. Книгите се испраќаат до Меѓународната вселенска станица каде што астронаутите работат на разни мисии. Потоа, тие се снимаат себеси како читаат книги, а видеото е достапно на страната на проектот и на нивниот канал на YouTube.

Оваа идеја и паднала на памет на Трајб откако ги истражувала писменоста и научните вештини на децата во САД. Таа сфатила дека е неопходно децата да ги подобрат и двете вештини, па затоа смисли нешто што може да ги комбинира науката и читањето и да ги направи подостапни за децата.

„Кои се моделите за подобра улога што ги инспирираат и охрабруваат децата да читаат? Не само што имаат можност да гледаат и да слушаат книги, туку и да ја гледаат Меѓународната вселенска станица“, вели Патриција.

Првиот што ја прочита книгата за деца беше ко-основач на проектот, Дру Џуниор , кој ја читаше книгата ,, Макс оди на Месечината” од вселенското летало Дискавери.

Бидејќи проектот беше лансиран пред неколку години, раскажани се многу приказни за вселената, за кои можете да се пристапите преку нивната веб-страница.

За да им се прикаже на децата што е можно поблиску знаењето за вселенската наука, астронаутите изведуваат и разни експерименти во вселенската станица.

Коментарите на луѓето на социјалните мрежи во врска со овој проект се генерално позитивни и никој не штеди зборови за пофалби за оваа идеја. Судејќи според она што го напишале, децата ги обожуваат ,,Приказните од вселената” и проектот е полн погодок.

Стапката на наталитет во Италија се намалува

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Стапката на наталитет во Италија продолжи да се намалува и во изминатата година, кога се регистрирани 379.000 раѓања, или 6,4 на 1.000 луѓе, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националниот институт за статистика на Италија (ИСТАТ), цитиран од италијанската новинска агенција АНСА.

Во апсолутна смисла, ова е за 14.000 раѓања помалку од 2022 година, или пад од 3,6 отсто.

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Просечниот број деца по жена се намалил од 1,24 во 2022 година на 1,2 во 2023 година, а историскиот минимум е забележан во 1995 година, кога се родиле 1,19 деца по жена. /МИА

МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, неработен за граѓаните од католичка вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 април 2024 година (понеделник) вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

АВМУ: Донесено упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024

 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), со цел појаснување на начинот на примена на правилата од Изборниот законик донесе упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

Како што соопштија денеска од АВМУ, со упатството се опфатени правилата за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбатата на времето во вести кај Јавниот сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост, правилата за известување во деновите на изборниот молк особено за периодот на преклопување на двата изборни процеси.

- За време на изборната кампања за Претседателските избори, во првиот круг на гласање, радиодифузерите може да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за ППР. Во упатството е точно утврдена распределбата на овие минути меѓу седумте подносители на листи/кандидатите за претседател. Во вториот круг на гласање вкупното време за ППР ќе зависи од времето за ППР што го користат подносителите на листи/кандидатите за претседател кои ќе ја продолжат изборната кампања во вториот круг, се наведува во соопштението.

За време на изборната кампања за Парламентарните избори, се појаснува во соопштението, радиодифузерите имаат право на дополнителни девет минути и триесет секунди за рекламирање на реален час, исклучиво наменети за ППР. По потврдувањето на поднесените листи на кандидати за пратеници од страна на Државната изборна комисија, Агенцијата соодветно ќе го дополни упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

- За време на изборниот молк за Претседателските избори, на 23 и на 24 април (до 19 часот) 2024 година, продолжува изборната кампања за Парламентарните избори, но запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи за двата изборни процеси, се додава во соопштението од АВМУ.

Јавниот сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, треба да емитуваат содржини поврзани со изборниот процес во формат пристапен за лицата со попреченост.

Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024 е достапно на веб страницата www.avmu.mk.

притисни ентер