ДУЊИ СО МЕД И ОРЕВИ

Рецепт на РЕНАТА ТРАЈЧЕВСКА

Потребни состојки: 5 дуњи, 150 гр. мед, 100 гр. ореви и малку шеќер во прав.

Постапка: 

Дуњите се чистат, се длабат и се отстрануваат семките.

Исчистените дуњи се ставаат во врела вода да се варат.

Се варат се додека не омекнат и не испливаат на површината.

Во чинија се мешаат мелени ореви и мед се додека не се добие хомогена смеса.

Дуњите се полнат со смесата и се ставаат во тава.

Одозгора дуњите се посипуваат со мелени ореви и се печат во загреана рерна околу 10 минути на 170 степени.

Откако ќе се испечат дуњите се посипуваат со шеќер во прав.

Како да сокриете дека сте прочитале порака на „WhatsApp“?

Оваа опција лесно може да се активира или деактивира.

„WhatsApp“ како и многу други апликации за допишување, има покрај секоја порака ознака со помош на кој можете да видите дали лицето со кое се допишувате ја прочитало пораката.

Еден сив штиклиран знак значи дека пораката е пратена, два дека е примена, а ако покрај пораката стојат два сини штиклирани знака, значи дека е прочитана.

Сепак, оваа опција не им се допаѓа на сите а лесно можете да ја исклучите. Имајте во предвид дека ако ја исклучите, и вие нема да можете да гледате дали некој ја прочитал вашата порака, како ни обратно. Ова не важи за групни четови, каде секогаш се гледа дали пораката е прочитана.

Еве како да ја активирате оваа опција:

„Whatsapp“ -> Трите точки во горниот десен агол -> „Settings“->“Accounts“ -> „Privacy“ -> И „Reid receipts“ ставете го на „off“.

По истиот пат можете и да ја вратите оваа опција.

Почна истоварот на крузерот во Јокохама, Македонците остануваат во дополнителен карантин

По 14 дена во карантин во пристаништето во Јокохама, почна истоварот на патници од крузерот „Дајмонд Принцес“ на кој во изминатите денови беа утврдени над 500 случаи на корона-вирус.

Болеста во поблага форма беше регистрирана и кај еден од тројцата македонски државјани на бродот кој беше сместен во болница во Јокохама. Останатите двајца македонски државјани, кои се дел од екипажот на бродот, согласно протоколот, ќе останат во дополнителен две-неделен карантин заедно со останатите членови на бродскиот персонал.

 Анализите покажаа дека секој седми патник на бродот бил инфициран од вирусот.

Драмата на крузерот со околу 3.700 лица и членови на екипажот од 56 земји, почна на 4-ти февруари кога превентивно беше закотвен на пристаништето, а бродот беше ставен во карантин поради појава на корона вирусот.

Бројот на грипосани во Гевгелија во рамки на сезонскиот просек

Во Регионалниот центар за јавно здравје во Гевгелија до сега се пријавиле околу 110 заболени лица со симптоми на грип, што се смета за бројка во рамки на сезонскиот просек, рече денеска епидемиологот Сашо Олумчев.

Бројот на регистрирани во Општина Гевгелија не е алармантен и покрај тоа што во текот на оваа недела вирусот би можел да има висока активност и поголема распространетост, велат од Центарот од каде потврдија дека неделава поголем на број на пријавени се регистрирани кај помладата популација од пет до 19 годишна возраст.

Вирозите во гевгелиските училишта секојдневно ги празнат училиниците и голем е бројот на деца кои отсуствуваат од настава, но барем до сега овен што часовите се скратени за 15 минути, нема најава дека би можело да дојде до прекин на наставата.

Слична е ситуацијата и во детските градинки каде некои родители велат дека отуството на нивните деца има превентивно значење. /МИА

притисни ентер