Шокантни изјави на сопругите на ликвидираните црногорски мафијаши во Атина (ВИДЕО)

Сопругите на двајцата ликвидирани мафијаши , кои пред нив самите и нивните деца биел изрешетани со над 20 куршуми , во кафеана во Атина , дадоа шокантни изјави во полицијата.

Двајца напаѓачи , кои имале марами преку лицето и во еден момент испукале 20 куршуми кон двајцата црногорски мафијаши , кои вечерале со своите семејаства во кафеана во Атина , додека други двајца внимавале на останатите гости. Откако ги убиле , со црн џип избегале од местото. Освен убиените двајца Црногорци , тешко е повредена и сопругата на едниот од нив. Едно од децата е однесено на психијатар поради претрпениот шок. Семејствана најмалку два пати неделно јаделе во истата кафеана. Убиените се црногорски државјани и тоа 43- годишниот Стеван Стаматовиќ и 43- годишниот словенски државјанин , роден во Црна Гора, Игор Дедовиќ. двајцата се припадници на шкаљарскиот клан , а се сомнева дека ликвидацијата ја извршиле пропадници на ривалскиот кавачки клан. Во војната на двата клана з апоследните шест години се убиени 40 лица. Станува збор за припасдници на црногорското подземје , кои се занимаваат со шверц на огромни количества кокаин од Јужна Америка во Европа.

До неодамна, централна точка на делувањето на двете групи беше Шпанија, но шкаљарскиот клан неодамна се пресели во Грција, чија јавност, по оваа крвава пресметка, бурно реагираше, барајќи земјата да не стане депонија за пост-југословенската мафија.

Жените на ликвидираните Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ дадоа искази во грчката полиција дека не знаат кој може да стои зад убиствата на нивните сопрузи, а тврдат и дека не знаеле каде тие престојувале во Грција. Наводно, тие не се сеќавале на ништо што се случило синоќа.

Двете жени, од кои едната е повредена во пукањето во неделата попладне, кога ггор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ беа ладнокрвно убиени, не дале никакви информации на полицијата за самиот напад, како и за животот што ги воделе Дедовиќ и Стаматовиќ пред пукањето.

Според грчките медиуми, тие рекле дека дошле во Грција да поминат годишни одмори со семејството. Тврделе во полицијата дека не се сеќаваат каде престојуваат и дека во кафеаната дошле со такси.

Едната од нив рекла дека таа знаела дека нејзиниот сопруг е бегалец, но и двете изјавиле дека професионалните активности на нивните сопрузи, како и нивната вмешаност во кривични работи, им се целосно непознати. Полициските службеници во Атина кај нив пронашле кредитни картички на жртвите, како и бројни клучеви и банкноти од по 500 евра.

Тошковски: Приведени се вкупно три лица за убиството на лекарот во скопската населба Железара

 Приведени се вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој беше во работна посета на Општина Босилово.

– Според моите информации, приведено е уште едно лице, значи вкупно приведени се три лица. Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, рече Тошковски.

Во вчерашното гостување во поткастот „Претрес“ Тошковски изјави дека има осомничени лица за убиството, како и одредени материјални траги кои водат до осомничените и посочи дека се преземени 20 истражни дејствија, како и дека се прегледани над 50 камери и видео записи.

Според првичните наоди, министерот рече мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.

Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран во парк во близина на поранешната фабрика „Железара“.

Лекарот имал приватна ординација во поликлиниката „Железара“.

Измена на КЗ, политичка одлучност и консензус за тешки реформи

Измена на КЗ, политичка одлучност и консензус за тешки реформи, во фокус на сесијата на Работната група - 4, Поглавје 24.

Измена на Кривичниот законик, визија, политичката одлучност и консензус за спроведување на тешки реформи се дел од препораките за кои се дискутираше денеска на тринаесетта сесија на Работна група – 4, Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност.

На сесијата на тема „Темелни права, правда и слободи преку призмата на механизмот за владеење на правото на Европската Унија“ што се одржа во Скопје, Кристиан Туркаљ, правен експерт за Западен Балкан, главен преговарач во преговарачкиот тим на Република Хрватска, сподели дека за да се оди забрзано на патот кон ЕУ, потребно е да се остварат некои претпоставки, како што се одлучност и консензус за реформи.

- Според мене, клучна е визијата, одлучноста на политичката елита во Македонија, еден консензус на главните чинители тоа вистински да се сака, како би се спровеле тешки реформи. Тука доаѓа до тоа да се биде способен да донесеш тешки одлуки, односно, да не се избегнува донесувањето на одлуки. Одложувањето на одлуките само го одложува процесот и всушност гледаме дека процесот станува сѐ покомплексен, рече тој.

Во однос на прашањето дали тие тешки одлуки се уставните измени, тој одговори дека не би зборувал конкретно за Македонија, но, дека тоа било случај во Хрватска.

- Во случајот на Хрватска тоа вклучуваше, да, и измени на Уставот кои потоа овозмжија примена на Европските прописи во Република Хрватска, дополни тој.

На сесијата, Туркаљ посочи дека треба да се препознае и да се искористи шансата. Тој потенцираше дека независните тела во правосудството мора да имаат капацитет кој опфаќа доволен број на кадар, но, и способен кадар кој што знае да постапува.

Според него, стагнацијата на напредокот може да доведе до блокада и доколку нашата држава сака да оди напред, таа треба да го стави целиот интелект на овие поглавја.

Александра Деаноска Трендафилова, професорка на Правен факултет „Јустинијан први“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и координатор на работната група, на сесијата истакна дека основната порака е дека сме свесни дека состојбите на правото се под мониторинг и дека треба да се проучи механизам за владеење на правото, односно, како што рече, „околу што се врти целата оска“.

- Треба да ги читаме извештаите и директивите што ги даваат другите држави и ЕУ. Имате фиксни параметри што треба да ги исполните, тука може да земеме пример од држави кои добиваат забелешки, а се слични на нашиот систем, да видиме како се соочуваат и да стигнеме до решенија, рече таа.

Во изјава за медиуми по воведните обраќања, таа истакна дека е неопходно да ја почитуваме предлог-директива која е дел од иницијативите на Европската Комисија за зајакнување на антикорупциската рамка и борба во Унијата против корупцијата.

Образложи дека како препорака од денешната дискусија ќе произлезе надлежните министерства, конкретно Министерството за правда, да ја разгледа предлог-директивата и да предложи повторни измени на КЗ, бидејќи, како што рече, ако го чекаме донесувањето на новиот КЗ, тоа ќе потрае.

- Оваа предлог-директива борба против корупцијата, иако не е финален документ, и нас не нѐ обврзува, не треба да заборавиме дека сме во процес на евроитнеграции, усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ, па дури и она што е во фаза на предлог, бидејќи е израз на политиките на ЕУ. Во таа предлог директива, дадена е минимална листа на кривични дела на корупција кои што треба да бидат инкриминирани во кривичните законици на земјите членки на ЕУ, вклучително и делото „злоупотреба на службената положба и овластување“. Нешто што во јавноста беше предмет на дискусија дали воопшто треба да постои како дело, рече таа.

Дополни дека во поглед на предложените казни, тие се многу повисоки од оние што ние ги имаме во актуелниот Кривичен законик, и како што рече, тие особено се намалија кај делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ со измените на КЗ од септември 2023. Предлог-директивата, како што дополни, е донесена во мај 2023 година.

Трпе Стојановски, НКЕУ-МК експерт, професор на Факултет за безбедност, УКЛО – Битола, потенцираше дека ако една држава сака да покаже перформанси, одржливост и борба против корупција мора да инвестира во квалитетна јавна администрација.

По воведните обраќања дел од сесијата е експертска анализа пос која ќе има презентација, дискусија и усвојување на препораки.

Јанчев: Кавадарци станува зелена општина

Кавадарци станува зелена општина – вели градоначалникот Митко Јанчев. 

Изминативе години реконструирано е јавното зеленило на површина од 130.000 метри квадратни, рече меѓудругото првиот човек на Општина Кавадарци.

Целата изјава на градоначалникот Јанчев, погледнете ја во видеото.

притисни ентер