Истражување: Аерозагадувањето ризик фактор и за должината на животниот век

Аерозагадувањето ги крати нашите животи.

На лицата кои починале како последица од загадениот воздух во просек им е скратен животниот век за 25 години, што е сериозен индикатор за секој што е изложен на екстремно загадување.

На најголем удар се изложени жителите на Скопје и Тетово, се вели во истражувањето на Мирјана Димовска од Институтот за јавно здравје. Нејзината докторска дисертација покажала дека годишно во просек умираат 1205 лица во Скопје и 265 во Тетово како последица од канцерогениот воздух.

„Пресметавме дека оние што предвреме починале и се влезени во оваа наша статистика, да речеме од тие отприлика 1200 животи во Скопје годишно кои се губат – изгубиле 20-30 години, а ако е повисока концентрацијата како во Тетово и до 40 години од сопствениот живот може да изгубат како резултат на тие изложености“, вели Мирјана Димовска, научен соработник од Институт за јавно здравје.

За 40 проценти од луѓето кои заболеле и починале од рак на бели дробови причината била токму аерозагадувањето. Но, штетните ПМ10 и ПМ2,5 честички не ги напаѓаат само дишните патишта. Дури 70 отсто од срцевите заболувања се припишуваат на загадениот воздух, а константната изложеност на штетните честички пропорционално го зголемува и ризикот од мозочни удари.

„Не само респираторните, афектирани се крвните садови на срцето, крвните садови на мозокот, така што мозочниот удар е најчест здравствен исход кој што го среќаваме во услови на вакви долготрајни изложености. Во однос на карциномот, дури 40% од оние што заболеле и починале од карцином на бели дробови може да се припише на аерозагадувањето“, вели Димовска.

Пресметките велат, доколку сите лица кои починале од канцер на белите дробови биле изложени само на 25 микрограми штетни честички, колку што е и европскиот просек - би зачувале 4000 години здрав живот. Оние, пак, со болести на срцето би „спасиле“ 28.000 години здрав живот.

„Пресметавме дека 50 до 60 проценти од болестите, односно од смртноста која се припишува на аерозагадувањето може да се намали ако се постигнат граничните вредности на Европската унија“, додава Димовска.

Здравјето нема цена, но сериозно удира врз економијата. Светска банка неодамна истакна дека годишните трошоци на земјава поради здравствените оштетувања во просек изнесуваат 750 милиони долари.

Земјите-членки на Европска унија ќе забранат увоз на овошје што содржи траги на хлорпирифос

Земјите-членки на Европска унија синоќа се договорија да забранат увоз на овошје што содржи траги на хлорпирифос, пестицид кој е штетен по човековото здравје.

Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе следи забрана на хлорпирифос во цела ЕУ.

По тримесечниот преоден рок секое увезено овошје со поголема количина на пестицидот од дозволеното ќе биде забрането да се продава во ЕУ.

Европскиот регулатор за безбедност на храната во август минатата година утврди загриженост поради „евентуалниот генотички ефект, како и неуролошкиот ефект во текот на развојот на децата“.

Милошоски и ја предаде на Русковска аудио снимката што ја пушти на собраниска комисија

-Обвинителката беше коректна, направи записник по предадениот материјал и рече дека ќе го вкчучи во истрагата за Меѓународниот сојуз. 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предал аудио снимката, која како што вели, ја добил од укажувач, а на која се претпоставува дека се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој откако и ја предал аудио снимката на обвинителката Вилма Русковска, рече оти добил ветување дека материјалот ќе се користи како доказ во случајот Меѓународен сојуз каде осомничени се Боки 13, неговиот татко, како и Фросина Ременски.

-Обвинителката беше коректна, направи записник по предадениот материјал и рече дека ќе го вкчучи во истрагата за Меѓународниот сојуз. Како што кажав, овие записи покажуваат декаЗоран Заев знаел за финансирањето на оваа невладина организација и на 1ТВ, рече Милошоски.

Според него, најдобро би било Русковска да го повика и Заев даде појаснување за разговорот.

Снимката што денеска ја предаде во Обвинителството, Милошоски минатата недела ја презентираше на седница на собраниска комисија.

Тој појасни дека дал само еден разговор, оној кој го пушти на седница на собраниската комисија, но не и материјал за кој бараше дозвола да го презентира на пленарна седница, за што не доби дозвола од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Дадов се што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие, рече Милошоски.

Доставувањето на аудио снимката денеска со кусо соопштение го потврдија и од Обвинителството.

-Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на негово барање, обвинителката Вилма Русковска го прими пратеникот Антонио Милошоски. На средбата Милошоски достави аудио материјал за кој по преслушувањето и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот, се вели во соопштението.

Деведесет и осум години СКМ, определба на бизнисот е извозот, регионалната соработка, инвестициите и одржливиот раст

 Извозот, индустријата, регионалната соработка, одржливиот раст и инвестициите, се клучната определба на бизнис секторот во земјава.

 Ова ќе биде фокус и на денешниот настан со кој Стопанската комора на Македонија ќе одбележи 98 години постоење.

На настанот по повод годишнината, ќе се обратат претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и шефот на ОЕЦД за Југоисточна Европа, Марзена Кисиелевска.

Меѓу гостите се високи владини функционери, еминентни претставници на стопанството и на меѓународната заедница.

Стопанската комора на Македонија брои над 15000 членки – компании кои постојано освојуваат нови пазари, го усовршуваат производството и вложуваат во едукација и развој. За натамошен поттик на нивната работа, денеска на најуспешните во 2019 ќе им бидат доделени признанија.

Според Комората, македонското стопанство вработува повеќе од 400000 лица, реализира 6,4 милијарди евра извоз, остварува 21 милијарда евра промет и креира 4,5 милијарди евра додадена вредност.

притисни ентер