Апел за помош на семејствата од Блатец чии куќи изгореа во пожар

Општина Виница упати апел до сите хумани граѓани да им помогнат на семејствата Симонски од селото Блатец, чии семејни куќи изгореа во пожар.

Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров најави дека локалната самоуправа ќе помогне со средства од општинскиот буџет, но материјалната штета е огромна и ќе биде неопходна поголема помош за да се санираат последиците од огнената стихија.

– Првичните проценки се дека штетата изнесува над 50 илјади евра, а ние како Општина, ќе им помогне на семејствата на браќата Глигор и Јован Симонски во рамки на буџетските можности што ни стојат на располагање. Среќна околност е што во стихијата нема повредени или човечки жртви. Оштетувањата на објектите се огромни, целосно е уништен домот на постариот брат Јован, а изгорена е и куќата на помладиот Глигор, кој минатото лето комплетно ја реновирал. Очекуваме дека бизнис секторот и хуманите граѓани исто така ќе им помогнат, за што ќе биде отворена наменска жиро сметка, истакна градоначалникот Димитров.

Во гаснењето на огнот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Виница, при што биле ангажирани четири цистерни и 10 пожарникари, но тие истакнаа дека пожар од вакви размери одамна не бил регистриран кај нив.

Во моментот се испитуваат причините за пожарот, но според привичните согледувања огнот се појавил од запален оџак и брзо ја зафатил покривната конструкција на двете куќи што се прилепени една до друга. /МИА

Ковачевски: Откажувањето не е опција за нас, не е време за откажување

Прес конференција одржа претседателот на СДСМ , Димитар Ковачевски.

Не се надевавме на ваков резултат , но не се откажуваме од евроинтеграцијата на државата, рече Ковачевски.

Милан по секоја цена сака напаѓач од Бундеслигата

Откако стана јасно дека Оливие Жиру ќе го напушти „Сан Сиро“, Милан е во трескавична потрага по напаѓач. Последното име интересно за „росонерите“ е Серху Гираси.

Голгетерот на Штутгарт целосно го насочи вниманието кон своите игри оваа сезона. И како да не, кога постигна 27 гола на 26 натпревари во сите натпреварувања. На високо трето место е тимот на Штутгарт.

А она што е уште поубаво за раководството на Милан е тоа што Гираси има откупна клаузула. И сосема прифатлива за само 17 милиони евра.

Секако, ова привлекува и други клубови, наводно и од Премиер лигата, на кои Милан тешко може да им конкурира кога се во прашање финансиите.

Милан бара и други алтернативи, а интересен е напаѓачот, исто така од Бундеслигата, новокрунисаниот шампион Виктор Бонифас од Баер Леверкузен. /МИА

Мицкоски: Ова е револуција на народот на Македонија, но работата не е завршена

Прењтседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека народот денеска докажал дека си ја сака Македонија. 

Ветував многу работи и сите работи се случија , рече Мицкоски. Ви благодарам од срце, народе на Македонија!

Македонија денеска порача дена народот е против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски. Резултатите ставаат простор за да бидеме задоволни , со голема историска победа . Ова е најдобриот резултат што ВМРО ја имала од позиција на опозиција. Над 600.000 гласаа против власта. Цунамито се крена и им виси на глава.

притисни ентер