Подготвила свадба од соништата од 29 000 фунти , иако нема младоженец

Рајн Френклин (39) е мајка на четири деца и последните три години ги поминала во планирање на нејзината свадба од 29.000 фунти, пренесува The Sun.

Таа се одлучила за невестински фустан во комбинација на сива, бела и црна боја и внимателно го избрала букетот, како и два фустани: едниот да се носи во текот на денот, а другиот за вечерта.

Единствениот проблем е што Рајн е сама и немала никаков контак со маж веќе две и пол години.

Сепак, тоа не ја спречува да потроши илјадници фунти од нејзината плата од 12.500 фунти, за нејзиниот голем ден. Таа планира да потроши 29.000 фунти на свадбата, дури и ако тоа значи дека ќе работи прекувремено, за да може да си дозволи се што испланирала.

Значи, штом го најде мажот од соништата, таа е подготвена веднаш да оди пред олтар.

„Само сакам совршена свадба. Целиот мој буџет за венчавката е 29.000 фунти и се надевам дека младоженецот исто така ќе ми помогне да го платам“, вели Рајн.

„Знам дека луѓето мислат дека сум луда, но едноставно сум подготвена“, додава таа.

Рајн објасни: „Јас сум целосно опседната со бракот. Сама сум, немам маж, но кога конечно ќе го најдам, се што треба да направам е да се појавам во црквата“.

Рајн за прв пат била опседната со свадбата кога имала само 6 години и читала бајки како онаа за Трнорушка.

Кога пораснала, таа започнала да ја планира свадбата и посетила 17 свадбени салони за да го пронајде совршениот, посетила 10 потенцијални места за свадби (на крајот се одлучила за замок од 18 век) и потрошила 2.800 фунти само за тоа.

Таа дури и се состанала со персоналот за детално да ја испланира свадбата.

„Ќе има тост, паштети, коктели, свадбената торта ќе има три спрата. Исто така ќе има колачиња со фотографии од мене и младоженецот“, вели Рајн.

Медениот месец би бил во Дубаи. Поканите за свадба чинат 10 фунти, а Рајн ќе има 50 гости, додека на идниот младоженци му се дозволени да покани само 20.

„Секојпат кога ќе погледнам во свадбената кутија, чувствувам струење на адреналин. Јас сум зависник од свадбата и решена сум да ја направам свадбата од соништата“, продолжува таа.

Инспирацијата за венчавки ја добила од војвотките на Британија, Кејт и Меган, а втората свадба дефинитивно станала нејзин идол.

За жал, за разлика од Меган, Рајн се уште не може да си го најде партнерот.

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

притисни ентер