Раперката Карди Би позира во црква облечена како проститутка (ФОТО)

Реперката Карди Б повторно успеа да го привлече целото внимание кон себе. Овој пат таа се појави речиси гола во катедрала во Париз.

Раперката позираше како дел од соработката со дизајнерот Чаз А. Џордан, кој заедно со нејзиниот сопруг Офсет, организираа модна ревија во катедрала во Париз. На фотографијата, раперката носи проѕирен комбинезон преку кој се гледа градникот и тангата, со маска на главата која што потсетува на витешка.

"Честитки за твојата одлична модна соработка со Чаз. Многу сум горд на тебе. Од снимање на две претстави до снимање музика до работа на многу други детали. Се е подобро кога потекнува од толку вреден човек. Те сакам", му порача Карди на сопругот со фотографијата од црквата.

IN AND OUT

A post shared by Cardib (@iamcardib) on

Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, црвениот на 8 мај

Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда.

Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај.

Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот.

Ова политичко зло да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме твоја и повторно горда, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра, Турскиот театар добива современ дом

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска при увидот во градежните работи на Турскиот театар, потенцираше дека со одлуката на Владата е обезбедено  тригодишно континуирано финансирање на проектот за Турскиот театар.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска при увидот во градежните работи на Турскиот театар, потенцираше дека со одлуката на Владата за тригодишно континуирано финансирање на проектот за Турскиот театар, обезбедена е гаранција наскоро театарската екипа на оваа установа да има свој дом.

„Министерството за култура продолжува непречено да го финансира проектот, за што во три буџетски години (2024, 2025 и 2026 година) се проектирани средства во износ од 6,1 милиони евра, односно 380 милиони денари“, рече Костадиновска-Стојчевска, нагласувајќи дека со овие средства ќе се комплетираат градежните зафати, поставувањето инсталации, уредувањето на ентериерот и ќе се обезбеди стручен надзор за театарот да го добие својот облик.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека дополнително, со постојаното зголемување на платите на културните работници, кое достигна до 52 проценти во изминатите години, како што рече, „покажуваме почит кон вашето достоинство и труд и ве мотивираме да продолжите со успешните проекти“.

Министерката за култура информираше дека од буџетот на Министерството за култура за оваа година се обезбедени милион и седумстотини илјади евра или 104 милиони денари, а напредокот во изградбата на објектот е забележителен, особено во делот на фасадата и на покривот, додавајќи дека за сето она што сега е реализирано беа издвоени 4,4 милиони евра, или 274 милиони денари.

Костадиновска-Стојчевска, истакнувајќи ја важноста на Турскиот театар, порача: „Нам отсекогаш ни се важни културните и јазичните различности кои нашата држава ја прават уникатен мозаик. Турскиот театар настојувал да ги промовира таквите вредности и да придонесува кон позитивни промени во општеството“.

Министерката за култура додаде дека е чест, но и голема одговорност, процесот со градежните активности да се одвива професионално, стручно и квалитетно, потенцирајќи дека Владата е одлучна сите започнати објекти од културата да ги заврши со максимален квалитет и во транспарентна постапка.

„Активно се работи и на реконструкција на голем број културни центри кои со години биле запоставени, а сето тоа со крајна цел – да продолжиме да ги подобруваме работните услови на културните работници, и понатаму да овозможуваме поголема и поквалитетна содржина за публиката и заеднички да го промовираме театарот“, рече Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека инвестирањето во културата е нашиот влог во иднината и во развојот на македонската култура и идентитет.

Директорката на НУ Турски театар, Ајлин Емин Скоро, во изјавата за медиумите посочи дека Националната установа Турски театар работи, функционира, твори, цели 74 години во нашата земја, а веќе 10 години работи и твори под еден покрив и на иста сцена со Театарот „Комедија“.

„Објектот што се гради е замислен како културен центар кој ќе ги унапредува, ќе ги афирмира и јазикот и културата на турскиот народ овде“, рече Емин Скоро, дополнувајќи дека започнува третата фаза, односно во тек е јавната набавка за внатрешните инсталации: механика, електрика, машинство и водовод и канализација.

Вселенско пристаниште во Шкотска блиску до лансирање на сателит, совладани две од три пречки

Британскиот космодром „SaxaVord“ направи нов чекор кон испраќање сателит во орбитата откако регулаторите му дадоа лиценца за обезбедување безбедни услуги, отворајќи го патот за неговото прво лансирање подоцна оваа година.

Британската управа за цивилно воздухопловство (CAA) во денешното соопштение соопшти дека дала дозвола за локацијата „SaxaVord“, која се наоѓа на островите Шетланд, во близина на северниот брег на Шкотска. Тоа значи дека шкотското пристаниште ја отстрани втората од трите пречки за лиценцирање што мора да ги отстрани пред да се случи првото лансирање на ракетата.

Последниот чекор ќе биде дозволата за лансирање. „SaxaVord“, кој во декември стана првиот лиценциран космодром за вертикално лансирање во ОК, се здружи со германската Ракетна фабрика со седиште во Аугсбург за првата мисија.

-Како единствен целосно лиценциран вертикален космодром за лансирање во Западна Европа, сега се подготвуваме да направиме вселенска историја со почетокот на операциите за орбитално лансирање. Првото лансирање се очекува во третиот квартал од оваа година, рече Френк Странг, извршен директор на „SaxaVord“.

Се предвидува дека вселенскиот пазар ќе вреди повеќе од трилион долари до 2030 година, бидејќи компаниите ширум светот планираат да испратат илјадници нови сателити во орбитата. /МИА

притисни ентер