Забележани шест чудни објекти во центарот на нашата галаксија

Научниците открија многу чудни предмети во центарот на нашата галаксија, кои не постојат никаде на друго место во Млечниот пат.

Поточно, во орбитата околу супермасивната црна дупка, сместена во центарот на нашата галаксија, пронајдоа шест предмети што не личат на ништо видено досега во Млечниот пат. Овие предмети се толку невообичаени што создадоа цела нова категорија на вселенски феномени наречени - G објекти.

Астрономите за прв пат ги забележале оригиналните два предмети, Г1 и Г2, пред скоро две децении. Тие изгледале како огромни гасни облаци, со дијаметар од 100 астрономски единици (астрономската единица е приближно еднаква на растојанието на Земјата од Сонцето). Додека се приближувале до црната дупка, овие облаци се издолжеле, а спектрометарот регистрирал дека се состојат од емисија на прашина и гас, пренесува Science Alert.

Но, проблемот беше во тоа што Г1 и Г2 не се однесувале како облак од гас.

„Овие предмети изгледаат како гас, но тие делуваат како sвезди“, рече физичарот и астроном Андреа Гез од Универзитетот во Калифорнија (УЦЛА).

Гез и нејзините колеги го проучуваат нашиот галактички центар повеќе од 20 години. Врз основа на нивните податоци, астрономот на УЦЛА, Ана Сиурло идентификуваше уште четири вакви објекти: Г3, Г4, Г5 и Г6.

Сè уште не е целосно јасно за што точно станува збор, но Гез верува дека формата Г2 во 2014 година, кога била најблизу до црната дупка, може да понуди неколку одговори.

„Кога беше најблизу до црната дупка, Г2 имаше навистина чуден изглед“, рече Гез.

"Предметот Г2 не изгледа премногу чудно сè додека не се доближи до црната дупка - тогаш се издолжи. Кога беше далеку од црната дупка, изгледаше како безопасен компактен предмет, а кога се приближуваше се истегаше и извртуваше за да започне повторно да се компактира“, објасни таа.

Астрономите веруваат дека одговорот лежи во масивни бинарни sвезди. Поголемиот дел од времето, овие sвезди орбитираат едни со други, но понекогаш се судираат, формирајќи една голема sвезда. Кога тоа ќе се случи, се создава огромен облак од прашина и гас, опкружувајќи ја новата sвезда уште милион години по судирот.

„Нешто требаше да ја зачува компактноста на Г2 и да и овозможи да преживее блиска средба со црната дупка, што укажува дека внатре се крие ѕвезден предмет“, објасни Сиурло.

Но, што е со другите пет објекти од категоријата Г? И тие би можеле да претставуваат спојување на бинарни sвезди.

"Црните дупки може да предизвикаат да се судираат бинарни sвезди. Можно е дека многу од необјаснети sвезди што ги забележавме, всушност се крајниот производ на спојување на бинарни sвезди. Ние сè уште учиме како се формираат галаксиите и црните дупки. Начинот на кој комуницираат бинарните sвезди и со црната дупка е многу различен од интеракции на одделни sвезди со други sвезди и со црната дупка “, рече Гез.

Студијата A population of dust-enshrouded objects orbiting the Galactic black hole е објавена во средата во научното списание „Nature“.

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер