Шкријељ во увид на градинка во Конче: Инвестираме во раниот детски развој, некои населени места за прв пат добиваат градинки

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска беше во увид на градежните работи на новата градинка во Општина Конче којашто е во завршна фаза. 

Јавна установа за деца, "12 Јули" е првата градинка во оваа општина со капацитет за околу 50 деца.

"Продолжуваме со инвестициите бидејќи грижата за секое дете е врвен приоритет на оваа Влада. Градинките не се места само каде што се згрижуваат децата туку и место каде што го осознаваат светот и се воспитуваат. Од Буџетот на државата се издвоени 105 милиони денари за реконстрикција, опремување и изградба на детски градинки, а изминатите две и пол години беа инвстирани над 180 милиони денари. Дополнително обезбедени се и дополнителни 15 милиони евра од Светска банка за изградба на градинки. Како Влада се грижиме и за кадарот што се грижи за нашите деца и само во последната година платите на воспитувачите се зголемени за 21% што е најголемо покачување до сега", рече Шкријељ.

Шкријељ во Конче ја посети и општинската канцеларија за социјални работи којашто е една од педесетте канцеларии коишто функционираат низ целата држава. "Преку локалните канцеларии како Влада обезбедуваме еднаков пристап на сите граѓани до социјалните права и услуги. Во пракса тоа ќе значи дека жителите нема да треба да патуваат до Центарот за социјални работи во поголемите места за да поднесат барање за користење на социјална помош и да остварат друго право од системот за социјална заштита, туку аплицирањето ќе може да го направат во местото кадешто живеат", изјави Шкријељ, се наведува во соопштението од Владата.

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.

Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

Герасимовски: Решен децениски проблем на улицата ,,Наум Наумовски Борче"

Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче".

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.

Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.

На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.

„Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми", им се обрати Герасимовски на собраните жители.

Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.

Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.

Општина Центар

притисни ентер