Штрајкувачите го затворија музејот Лувр во Париз (ВИДЕО)

Најпосетуваниот музеј на светот , Лувр е затворен утрово со одлука на синдикалниот центар поради штрајк против пензиската реформа на француската влада.

Повеќе стотици демонстранти го блокираа влезот во Пирамидата, стаклена зграда на влезот во музејот.

Тие носеа знамиња, извикуваа против пензиските реформи и ги повикаа туристите да им се придружат.

„Туристи со нас!“, Извикуваа демонстрантите, но туристите, претежно од странство, не ја делеа солидарноста со француските работници, покажувајќи огорченост , па дури и навреда.

Лувр најави дека парите ќе им ги врати на луѓето кои веќе купиле билети, и не ја исклучи можноста музејот да биде отворен во попладневните часови доколку штрајкувачите решат да ја прекинат опсадата.

„Нашата мобилизација е дел од борбата на сите штрајкувачи во земјата за достоинствен живот, како во приватната така и во јавната сфера“, напишаа синдикатите.

Генералните штрајкови против пензиските реформи трае од 5 декември.

Лувр минатата година бил посетен од 9,6 милиони луѓе, што е намалување во однос на 2018 , кога бил посетен од 10,2 милиони туристи.

ДИК: Стево Пендаровски 180.306, Gордана Сиљановска Давкова 362.682

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, овој резултат е инспиративен за мене, порача Силјановска. 

Резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 или (40,08%),со двојна предност пред Стево Пендаровски од СДСМ кој освои 180.306 или 19,93%.од гласовите ,Бујар Османи е на трето место со освоени 120.903 или 13,36% од гласовите.

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, овој резултат е инспиративен за мене, порача Силјановска. Оваа власт паѓа, остваривме историска победа изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Приведен криминалец баран со потерница

Тетовската полиција вчера попладнето врз основа на судска наредба, го привеле А.М. (42) од Тетово, кој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци поради сторено кривично дело.

Како што информираат денеска од МВР лицето е спроведено во КПУ Затвор Идризово за издржување на затворската казна.

Приведени две лица во Тетовско, одзеле пари од казино

Полицијата вчера ги лишила од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено поради сомнение дека околу 4:00 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје од вработените одзеле пари.

Како што соопшти МВР, лицата се задржани во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

притисни ентер