Вештачката интелигенција создава убедливи лажни фотографии на луѓе , зошто ?

Неколку стартапи што се занимаваат со вештачка интелигенција започнаа да нудат фотографии на луѓе кои воопшто не постојат, лица замислени од машини ,темелно обучени да препознаваат и создаваат привлечни човечки лица.

Покрај тоа што е импресивно технолошко достигнување, тоа подразбира и бројни безбедносни и етички проблеми.

Стари, млади, бели, црни, момчиња и девојчиња ... толку убедливи , а сепак не се реални. Ниту еден од нив не бил зачнат или роден. Тоа е последниот производ на нервните мрежи Generative Adversarial Network (ГАН), кои својот занает го испекоа на илјадници или стотици илјади фотографии на вистински луѓе, до моментот кога научија како да создаваат фотографии што скоро никој не може да ги разликува од фотографиите на реалните луѓе.

Колку е поголема разновидноста на лицата на кои може да се научи алгоритмот, толку поразновиден ќе биде финалниот производ. Базите засновани на мал број модели произведуваат релативно слични, прилично хомогени лица, но со доволно податоци сè е можно. Ова е исто така една од причините зошто вашето лице не треба да биде прекумерно изложено на Интернет - социјалните мрежи како Фејсбук, Гугл или апликациите како FaceApp собираат големи количини податоци што може да ги користи вештачката интелигенција за различни намени, без ваше знаење.

Генеративните ривалски мрежи првенствено се состојат од три компоненти. Првиот е генератор, вештачка интелигенција задолжена за производство на лажни фотографии. Втората е база на податоци со вистински фотографии, а третата е дискриминатор, вештачка интелигенција која има задача да препознае дали е вистинска фотографијата или лажна. Генераторот и дискриминаторот се ривали - целта на генераторот е да го измами дискриминаторот. Откако дискриминаторот ќе ја донесе својата одлука, тој е информиран дали погодил или не, и врз основа на тоа учи за следниот пат.

Компјутерот ги доживува истите овие фотографии многу поапстрастрактивно, на ниво на дигитални информации. Вештачката интелигенција ги препознава индивидуалните пиксели на фотографијата, нивните бои и нивната позиција во однос на едни со други. Од овие односи, нервната мрежа за учење мора да научи да ги препознава клучните елементи на лицето – форми и бои кои претставуваат усни, заби, очи и сите други детали.

Поточно, секој пат кога дискриминаторот признава лажна фотографија, му открива на генераторот на каков критериум го изложил. Генераторот потоа додава дополнителни услови во своето производство.

Неколку стартапи започнаа со продажба на фотографии од непостоечки луѓе, на компании кои сакаат брзо и евтино да ја „зголемат расната разновидност“ на нивните фотографии, во нивните каталози и проспекти.

Rosebud.ai продава илустративни фотографии кои можат автоматски да се монтираат на разни лажни лица кои припаѓаат на посакуваните етнички групи. Истиот модел во иста поза може, со само еден клик , да стане азиски или црн, кавкаски или јужноамериканец. Icon8 нуди фотографии по многу критериуми, млади, стари, деца, возрасни, од сите раси и изрази на лицето, од насмевки, тага, замисленост, досада и многу други. Тоа е невидена количина на фотографии кои едноставно би било непрактично да се фотографираат со вистински луѓе.

Но, истата технологија има своја темна страна. Некои апликации за дружење започнаа да користат лажни фотографии од девојчиња за да остават впечаток дека на нивните платформи има поатрактивни млади жени. Интернет-измамниците и агентите почнаа да користат фотографии на лажни луѓе за да отворат лажни профили на социјалните мрежи како „Фејсбук“ и „Линкдин“.

Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите

Полскиот државјанин Павел К. е уапсен под сомнение дека учествувал во подготовката на атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој е лишен од слобода во Полска по обвинението дека бил подготвен да му помогне на руското воено разузнавање во заговорот за убиство на Зеленски, објави полското обвинителство.

Павел К., наводно, побарал контакт со Русите вклучени во војната во Украина, наведувајќи дека ќе пренесе детални информации од аеродромот Ржесов-Јасионка, кој се наоѓа во близина на границата со Украина.

Доколку биде прогласен за виновен, може да биде осуден на осум години затвор. /МИА

Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да побара дополнителна воена поддршка за одбрана од Русија на денешниот вонреден состанок со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, јави ДПА.

На состанокот на Советот НАТО-Украина, организиран како видео-конференција, се очекува да стане збор за прашања во врска со тоа дали сојузниците наскоро ќе можат да и предадат дополнителни системи за противвоздушна одбрана на земјата.

Според Зеленски, на вооружените сили на Украина им треба дополнително оружје, артилериски гранати, возила и беспилотни летала.

„Украина во моментов е загрижена дали може да го задржи фронтот и да ја заштити својата енергетска инфраструктура“, рече Зеленски.

Во последните недели Русија го засили воениот притисок врз Украина и со воздушни напади ги уништи речиси сите нејзини електрани.

Според информациите дадени од Зеленски на почетокот на април, за одбраната на воздушниот простор на Украина ќе бидат потребни или 25 системи за воздушна одбрана „Патриот“ или еквивалентна опрема.

Германската Влада веќе објави во текот на викендот дека на Украина ќе и обезбеди дополнителен систем „Патриот“. Се очекува помош и од други земји, како што е Шпанија. /МИА

Германските тимови повторија достигнување старо речиси 30 години

По натпреварите во текот на неделата, Бундеслигата сега има дури три екипи кои се полуфиналисти на европските клупски турнири. 

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен стигнаа до претпоследната фаза од двете главни натпреварувања - Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а три германски тима не стигнале во оваа фаза речиси 30 години.

Ова последен пат се случи во сезоната 1994/1995 година. А што е уште поинтересно е тоа што тогаш токму истите екипи стигнуваат до полуфинале.

Баерн тогаш стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде загуби од холандскиот гигант Ајакс по 0:0 во Минхен и 2:5 во реваншот. Во тогашниот Куп на УЕФА учествуваа Борусија Дортмунд и Леверкузен, а двата тима се сретнаа со италијански противници. „Жолто-црните“ загубија од Јувентус по 2:2 во првиот меч во Германија и 2:1 за „бјанконерите“ во реваншот. Леверкузен, пак, е елиминиран по двата порази од идниот освојувач на трофејот Парма - 1:2 и 0:3.

Германските екипи сега ќе сакаат да избегнат слично сценарио и ќе се надеваат на добар настап.

Германија ги има сите шанси да обезбеди петти тим во Лигата на шампионите, а на бундеслигашите им требаат две победи или реми и две нерешени во претстојните полуфинални натпревари.

Англија, пак, ќе се потпре на победата на Астон Вила на сите свои натпревари за да обезбеди дополнителен тим во најпрестижниот европски клуб, а по синоќа, Италија веќе го постигна тоа. /МИА

притисни ентер