Поранешната сопруга на Абрамвич се подготвува за својата нова раскошна свадба со Гркот Ставрос (ФОТО)

Поранешната сопруга на милијардерот Роман Абрамович, Даша Жукова (38) се подготвува за својата раскошна свадбена прослава со својот партнер, богатиот грчки наследник Ставрос Ниархос (34) овој викенд во швајцараскиот ски центар Сент Мориц.

На прославата биле поканети 300 гости од светот на шоубизнисот, културата, спортот и политиката.

Двојката е во врска од минатото лето, а наводно веќе биле венчани на интимна церемонија во Париз на која биле поканети само членовите на семејството. Сега решија да организираат гламурозна прослава во елитниот ски-центар.

Свадбата ќе се одржи во луксузниот хотел со пет ѕвездички , „Кулм Сент“. Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, актерките Гвинет Палтроу и Лив Тајлер, дизајнерот Дајан фон Фурстенберг, моделот Карли Колос и нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер, брат на зетот на Доналд Трамп, исто така се на списокот на гостите.

Даша од нејзиниот деветгодишен брак со Абрамович има две деца, синот Арон Александар и ќерката Лео Лу. Нејзиниот татко е рускиот олигарх Александар Жуков, а во судската бракоразводна постапка доби 92 милиони долари и четворокатна зграда на Менхетен во Њујорк.

Ставрос го познава веќе десет години, а тие се во врска од 2018 година.

Даша не му е прва богата и убава партнерка на Ниархос. Неговите врски со старлетата и наследнича Парис Хилтон и актерката Мери-Кејт Олсен се познати во јавноста.

Ниархос во 2015 стана познат во јавноста кога му понуди на бездомник сто долари за да се препие со сок, што несреќниот човек го прифати. Ниархос и неговите пријатели се смееја и го исмеваа на социјалните мрежи. Уништувањето на хотелските соби е исто така познато во јавноста, а во една прилика Ставрос Ниархос направил штета од 100.000 долари.

Бидејќи подоцна основал фондација за помош на бездомниците, многумина сметаат дека наследникот на семејна транспортна компанија во меѓувреме пораснал.

Анкета на ЦРПЦ: Давкова пред Пендаровски, Таравари и Османи во тесна трка

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на Претседателските избори.

На прашањето за кој кандидат би гласале на претседателските избори граѓаните со одговор: За кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова би гласале 20,4% од испитаниците, а за нејзинот главен конкурент актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ својот глас би го дале 16,8% од анкетираните.

Во албанскиот политички блок Арбен Таравари од коалицијата „ВРЕДИ“ според направената анкета води пред Бујар Османи од европскиот фронт предводен од ДУИ.

Па така за Таравари би гласале 7,9% од испитаниците, за Османи пак 6,9% од анкетираните. За Максим Димитриевски од ЗНАМ пак својот глас би го дале 2,7 % од анкетираните, додека за Билјана Ванковска од Левица би гласале 2,6% од испитаниците. За

кандидатот Стевчо Јакимовски од ГРОМ би гласале 1,2% од анкетираните. 18,2% одговориле дека нема за никого да гласаат, а 23,2% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ Истата анкета ја имате достапна и на онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации .

Анкета на ЦРПЦ за парламентарните избори: ВМРО – ДПМНЕ води пред СДСМ, во предност и албанската опозиција пред ДУИ

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на парламентарните избори. На прашањето за која партија би гласале на парламентарните избори граѓаните со одговор: За ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 22,8% од анкетираните, додека за СДСМ 16,3% од испитаниците.

Во албанскиот политички блок разликата доста помала. За албанската опозиција предводена од коалицијата „ВРЕДИ“ би гласале 7,7% од анкетираните, додека за Европскиот фронт предводен од ДУИ својот глас би го дале 6,9% од испитаниците. За партијата Левица би гласале 3,9 од анкетираните. За партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски би гласале 3,2% од анкетираните. 17,6 % одговориле дека нема за никого да гласаат, а 22,6% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ

Истата анкета ја имате достапна и на онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации .

Отворање на изложбата „Интимност и интерконекција“ во Куманово

Зимскиот салон од Штип ќе гостува во Куманово со изложбата „Интимност и интерконекција“ која ќе биде претставена во уметничката галерија во градот.

Отворањето на изложбата е вечер во 19.30 часот, а посетителите ќе имаат можност да ја посетат до 8 мај.

-Сметаме дека ваквите претставувања на изложбите на ДЛУМ се од голема важност бидејќи ДЛУМ се состои од членови од цела Македонија, велат од Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Следната поставка на оваа изложба се планира да биде во Музеј Битола.

Премиера на „Паника“ во Велешкиот театар

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва во 21 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ на финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски. 

Во претставата, која е дуо драма настапуваат Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Драматург на претставата е Катерина Момева а сценографија на Филип Коруновски а музиката е во избор на двајцата актери.

Како што појаснуваат од велешкиот театар, приказната е за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти.

-Во претставата се навлегува во најдлабоките теми на суштествувањето, прашања што го мачат секој човек кој сака да биде сакан и прифатен, а општествениот и социјален притисок наметнува стеги каде индивидуалниот идентитет се гуши, се преиспитува себеси, а преку оваа претстава сугерираме дека човек треба прво да се прифати таков каков што е, за да може да се промени. Играјќи си со жанровите, понекогаш нештата изгледаат многу трагично, а има мигови кога не ќе можете да се воздржите од смеење, поради суптилниот хумор што се провлекува низ целото дело и преку кој се релативизираат проблемите, се разобличуваат карактерите со нивните човечки мани, оправдувајќи ја нивната несовршена природа, појаснуваат од театарот.

притисни ентер