Манчевски на трибината „Дигитализација на јавните услуги“ во Штип

Електронски упис на дете во градинка е новата електронска услуга на којашто заеднички работат министерствата за информатичко општество и за труд и социјална политика.

Во оваа услуга ќе бидат вклучени и општините во земјава, најави денеска министерот Дамјан Манчевски во Штип на првата трибината за „Дигитализација на јавните услуги“.

-Граѓаните коишто ќе сакаат да ги запишат своите деца во градинка ќе можат да добијат он лајн информација, каде има слободни места, да ја пратат пријавата и да добијат повратен одговор за упис на дете во градинка, веќе од следната година сакаме уписите и во училиштата да бидат електронски, вели Манчевски.

Забележува дека ова се примери на неограничени можности и услуги коишто можат да се реализираат електронски, а граѓаните да не мора да ги посетуваат шалтерите.

Манчевски истакна дека во земјава се обезбедени сите елементи и услови за дигитализација на јавниот сектор.

-Електронскиот портал беше последниот елемент, на којшто претходно му претходеа и централниот електронски регистер на население, платформата за достава на електронски услуги, како и голем дел на други елементи од електронскиот систем, којшто денеска ни овозможуваат институциите да даваат електронски услуги на граѓаните, рече Манчевски.

Смета дека се потребни вакви трибини, каде што ќе се разговара и со претставниците на локалната самоуправа и институции, како можат тие да ги искористат овие системи, за да и тие даваат електронски услуги, кои ќе бидат побрзи и поевтини за самите граѓани.

-Од друга страна сакаме да ги запознаеме и самите граѓани како можат да ги користат услугите, кој е начинот на којшто ќе можат да се регистрираат и да го користат нивниот електронски идентитет. Навистина очекувам плодна соработка со Општина Штип, претходно разговараме и за некои конкретни работи што можат да се реализираат. Македонија влегува во масовна дигитализација на јавниот сектор и граѓаните ги гледаат првите резулатати. Бројот на услуги коишто се достапни во моментов се 127 електронски услуги, вели Манчевски.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната трибина истакна дека овие електронски услуги се од корист на граѓаните, а општинската администрација е секогаш првиот контакт со граѓаните.

-Посебно во внатрешноста, каде што граѓаните својот проблем го кажуваат овде и бараат решение овде. Со оваа дигитализација секако ќе допринесеме за олеснување на услугите на граѓаните, вели Бочварски.

На денешната трибина во Штип Посебен фокус се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

Израел демантира дека неговите војници ги закопувале Палестинците во масовна гробница во Газа

Телата откриени во масовна гробница во Појасот Газа не биле закопани од израелски војници, туку од Палестинци, соопшти вчеравечер израелската амбасада во Женева.

-Тврдењето дека израелските одбранбени сили (ИДФ) закопале палестински тела е неосновано, наведува амбасадата.

Војниците, според амбасадата, „само ги прегледале телата во гробницата во потрага по израелски заложници, се почитувало достоинството на загинатите, а телата на Палестинците биле вратени на истото место“.

-Претресот беше извршен внимателно и исклучиво на места каде разузнавачките информации укажуваа на можно присуство на заложници, соопшти амбасадата.

Палестинскиот тим за цивилна одбрана во Газа во понеделникот извести дека масовна гробница со 283 тела била откриена во близина на болницата Насер во јужниот енклавен град Кан Јунис. Според канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк, кој ја повика цивилната одбрана, на некои тела им биле врзани рацете.

Турк вчера рече дека е „згрозен“ од извештаите за откривање масовни гробници во близина на болниците во Газа и повика на независна истрага за причините за смртта.

Имаше извештаи и за пронајдени тела во болничкиот комплекс Ал Шифа во градот Газа. Според меѓународното право, болниците имаат право на посебна заштита. Турк, исто така, истакна дека „намерното убиство на цивили, затвореници и други лица кои се „надвор од борба“ е воено злосторство“. /МИА

Сестрата на севернокорејскиот лидер вели дека нејзината земја ќе изгради супериорна воена сила

 Влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг рече дека земјата ќе продолжи да гради супериорна и најсилна воена сила за да го заштити својот суверенитет и регионалниот мир, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Ким Јо Џонг истакна дека серијата воени вежби на американската војска во регионот оваа година, почнувајќи со вежби спроведени со „јужнокорејски марионетски воени гангстери“, опасно ја нарушуваат регионалната безбедносна средина.

- Ќе продолжиме да градиме огромна и најмоќна воена сила со цел да го заштитиме нашиот суверенитет, безбедност и регионален мир, ја пренесе КЦНА нејзината изјава.

Војските на САД и Јужна Кореја изведоа серија вежби со поголем обем и интензитет во последните месеци, а лидерите на двете земји ветија дека ќе ја подобрат борбената готовност против воените закани на Северна Кореја.

Околу 100 воени авиони извршија двонеделни воздушни вежби овој месец, соопшти јужнокорејската војска.

Северна Кореја вели дека американските воени вежби се подготовки за нуклеарна војна против неа.

Вашингтон и Сеул тврдат дека вежбите имаат одбранбен карактер и се спроведуваат редовно за да се одржи подготвеноста. /МИА

притисни ентер