МЗ: Во завршна фаза постапката за набавка на 65 нови санитетски возила

 Зајакнувањето на службите за Итна медицинска помош (ИМП) е еден од приоритетите на Министерство за здравство и во завршна фаза е постапката за обезбедување и дистрибуција на 65 нови санитетски возила, како донација од Кина.

Поголем број од новите возила ќе бидат наменети за службата за ИМП Скопје, одговорија за МИА од Министерството за здравство на новинарско прашање кога ќе бидат набавени нови амбулантни возила со оглед на фактот што постоечкиот број очигледно не ги задоволува потребите за брзо делување во случаи кога на граѓаните им е потребна итна медицинска помош.

Од Министерството посочија дека во Итната медицинска помош при Здравствениот дом Скопје, пак, во изминатиот период се вработени 18 лица, од кои 17 доктори и еден возач и се набавени шест нови возила со што стопроцентно се зајакнале капацитетите на ИМП Скопје.

– Итната медицинска помош е еден од сегментите кои најмногу ги зајакнавме во изминатите две години, примени се 84 доктори и се набавени 12 нови амбулантни возила за службите за ИМП во државата, информираат од Министерството за здравство.

Директорот на Здравствениот дом Скопје, Виктор Исјановски, пак, одговарајќи на истото прашање за МИА рече дека идната недела ќе бидат промовирани и ставени во функција десет нови возила за домашна посета и за Здравствениот дом Скопје.

– Ќе бидат промовирани и две санитетски возила, донација од Општина Гази Баба и две пикап возила наменети за транспорт на лекови во аптеки и затвори. Од Министерството за здравство најавена е и донација на уште пет санитетски возила, додаде д-р Исјановски./МИА

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер