Во Охрид се спроведуваат финалните подготовки за Водици

Во Охрид започнуваат финалните подготовки за организацијата на најмасовната манифестација во градот – Богојавленскиот водосвет и осветувањето на водите на Охридското Езеро за Водици. 

Точно на пладне започнува пријавувањето на капачите кои ќе го бараат Чесниот крст во осветените езерски води.

Сите заинтересирани граѓани може да се пријават во црквите „Свети Никола Геракомија", „Успение на Пресвета Богородица – Каменско" и „Свети Великомаченик Георги", а евидентирањето на пријавените капачи ќе се врши заклучно со 18 јануари до 17 часот.

Пријавените капачи ќе можат да ги извршат потребните медицински прегледи во поставените шатори на охридскиот Црвен крст на 18 јануари од 19 часот и во утринските часови на 19 јануари, на денот на манифестацијата.

Од денеска стартуваат и активностите за чистење и украсување на Градскиот плоштад, крајбрежните делови на езерото на потегот кај Градското пристаниште, а нуркачи од „Амфора" ќе го чистат езерското дно во делот на пристаништето каде ќе влегуваат оние што ќе пливаат по крстот.

Поради непречено одвивање на сите активности во делот на организацијата на големиот црквно-народен собир од 18 јануари од 23 часот до 20 јануари до 16 часот нема да биде дозволено паркирање возила на потегот во близина на објектот на Капетанијата на пристаништата и паркингот во потегот на кружниот тек во центарот на Охрид. Организаторите на манифестацијата апелираат до сите сопственици навреме да ги отстранат своите моторни возила од локацијата, заради оа што потоа истите ќе бидат отстранувани од надлежните служби.

Што се однесува на самите содржини за манифестацијата, и оваа година Општинската организација на Црвениот крст на 19 јануари организира традиционалната крводарителна акција „Водици 2020". Крводарителската акција што годинава ќе се реализира под мотото „Една капка може да промени се" ќе се врши во периодот од 9 до 15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев".

Инаку, за што поголема посетеност и привлекување гости во градот за празниците, Општина Охрид организира пригодна забавна програма, со големиот концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо што ќе се одржи во пресрет на празникот на 18 јануари со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски". На 20 јануари во рамки на манифестацијата Денот на рибарите на празникот Свети Јован Крстител, на Градскиот плоштад со почеток во 12 часот концерт ќе одржи македонската фолк ѕвезда Миле Кузманоски.

Инаку, оваа година се одбележува 30-годишниот јубилеј од првото масовно и организирано прославување на Богојавленските празници во Охрид каде осветувањето на водите има вековна традиција.

Со оглед на тоа што празникот е во викенд, се очекува во Охрид да пристигнат голем број гости од земјата и странство и да ги исполнат сместувачките капацитети. Со цел да ги поддржат Богојавленските чествувања и да придонесат за поголем број гости, охридските хотели и годинава нудат во периодот од 16 до 20 јануари нудат сместување по симболична цена од 15 евра на ден.

Празнувањето по повод верските празници Богојавление и Свети Јован Крстител во Охрид е една од најмасовните црковно-верски манифестации во овој дел од православието, како според бројот посетители на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро, така и по бројот верници и гости кои влегуваат во студените езерски води за да го фатат Светиот крст. /МИА.

Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“.

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“.

Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот - според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран, а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот. /МИА

РСБСП: Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. 

Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

· запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

· разговарајте со децата за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

· укажете им на децата дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

· помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

· децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

· пред да го преминат коловозот децата треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

· укажете им на децата дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

· вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

· препорачливо е децата да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

· бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акција на МВР,  од 11.00 до 16.00 часот, на територијата на државата.

- Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.

притисни ентер