Започна реконструкцијата на градскиот стадион и се санираат прокопите со рециклиран асвалт во Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на Фејсбук објави дека се санираат прокопите со рециклиран асвалт и дека започнала реконструкцијата на градскиот стадион во Кавадарци.

„Започна реконструкцијата на градскиот стадион во Кавадарци

Според проектот најпрвин ќе биде целосно отстранета сегашната трева, а подлогата под неа ќе се подготви за поставување на нови бусени трева.

Теренот ќе биде соодветно и дрениран со ефикасен систем за одводнување. Градскиот фудбалски стадион освен промената на сегашната подлога со нова трева, ќе добие и современо осветлување за одигрување на ноќни натпревари,“ напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.

Тој на својот Фејсбук објави е дека Општина Кавадарци е единствена општина која го рециклира стариот асвалт кој го користи за санирање на прокопите

„Во Кавадарци сопствената асфалтна база работи и во јануари. Нема застој во комуналната изградба. Се санираат прокопите со рециклиран асфалт и сопствена мобилна асфалтна база. Општина Кавадарци е единствена општина која го рециклира стариот асфалт а тоа носи многу економски и еколошки бенефиции.

ЈП Комуналец е единствено претпријатие кое во овој период од годината рециклира и произведува асфалт и работи на санирање на прокопи“, напиша на Фејбук градоначалникот на Кавадарци.

Меѓународните набљудувачи со прелиминарна оценка за првиот круг на изборите

Добро организирани, но извалкани со остра реторика – ова е оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на Парламентарното собрание на Советот на Европа за првиот круг од изборите...

Според нив, гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како се ближел денот на изборите....

Револуционерен изум во Кореја- имаат батерија што се полни за неколку секунди

Долго време се зборуваше дека натриумовите батерии имаат огромни предности во однос на моментално најчесто користените литиум-јонски батерии.

Не само што се сметаат за значително поисплатливи, туку се и поодржливи бидејќи можат да се произведуваат речиси целосно без ретки метали. Покрај тоа, тие се помалку склони кон термичка нестабилност и би можеле да имаат подолг животен век, подобрувајќи ги перформансите и доверливоста на електричните возила.

Батеријата развиена од научниците од Корејскиот напреден институт за наука и технологија (KAIST) повторно би можела да ја забрза транзицијата кон електрична мобилност. Како што опишуваат во трговското списание Energy Storage Materials, тие можат целосно да го полнат и испуштаат складирањето на енергија за само неколку секунди - многу побрзо од вообичаениот процес на полнење на автомобил со фосилни горива.

Ова е овозможено од материјалите што вообичаено се користат за таканаречените суперкондензатори. Станува збор за уреди за складирање енергија со екстремно висока густина на енергија - тие се исто така познати по нивните огромни брзини на полнење, но можат да складираат само многу мала количина на енергија.

Истражувачите сега развија еден вид хибрид на батерии-суперкондензатор за да можат да ги искористат предностите на двете технологии: да постигнат рекордни вредности за енергија и густина на моќност. Покрај големата брзина на полнење, батеријата направена во лабораторија имаше и подолг домет од претходните уреди за складирање. Високата густина на моќност значи дека со него можат да работат уште помоќни електрични мотори.

Сега големото прашање е колку брзо батеријата може да се користи во пракса. Првите натриумови батерии веќе се вградуваат во електричните возила во Кина, но засега треба да се задоволат со низок домет од околу 250 километри. Во секој случај, новоразвиената батерија би требало значително да го надмине ова, бидејќи има значително поголем капацитет за складирање од 247 ват часови од моделот подготвен за пазарот (150 ват часови).

Николоски: Како носител на ИЕ4 за мене најдрага е победата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Почитувани претставници на медиумите денес продолжуваме со кампањата за парламентарните и претседателските избори, денеска се спојуваат повторно двете кампањи. 

Продолжуваме тука од Струмица каде што планираме големи проекти по формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам сите граѓани да ја прочитаат нашата програма Платформа 1198 каде што нудиме решенија за најкрупните проблеми на граѓаните, пред се во делот на владеење на правото и воспоставување на функционален систем на владеење на правото и правна држава. Понатаму економскиот развој, решенија за состојбите во образованието и во здравството, поддршка за пензионерите, но и за најмладите преку проектот „Купи куќа“ и бројни други проекти кои што ги имаме во Платформата 1198.

За нас е огромна привилегија поддршката која што ја добивме вчера, сметаме дека резултатот кој што вчера го постигна Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ е обврска во следните две недели уште поинтензивно да се среќаваме со сите кои што сакаат да се сретнат со нас, да го објасниме нашиот концепт и визија и да ја побараме поддршката.

Очекувам на 8 мај да има убедлива победа за Гордана Силјановска Давкова и најмногу пратеници за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе овозможат стабилна влада која што нема да биде уценува од никого и кој што ќе овозможат во опозиција да одат и СДСМ, но и политичката партија ДУИ.

Особено сум среќен како носител во ИЕ 4 што имаме победа во Струмица, тоа мислам дека е голем сигнал не само за Струмица, не само за струмичката околија туку за цела Македонија. Победата за Струмица за мене е најдрага од сите победи вчера, сакам да се заблагодарам на тимот позади мене, во следните две недели ќе работиме уште поинтензивно за да имаме уште поубедлива победа и Струмица конечно да го добие она што го заслужува, а тоа е економски развој и воведување на функционална правна држава каде што ќе има јасно владеење на правото, а не она што се случуваше во годините наназад, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

притисни ентер