Скопјанец под истрага за нелегална набавка на хашиш смола и масло од Албанија

Според првичните сознанија, осомничениот 29-годишник, на 13 јануари, од непознато лице во Република Албанија набавил 1300 милилитри хашиш смола и 500 милилитри хашиш масло. 

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Скопје осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Според првичните сознанија, осомничениот 29-годишник, на 13 јануари, од непознато лице во Република Албанија набавил 1300 милилитри хашиш смола и 500 милилитри хашиш масло. Дрогата му била донесена во Струга, каде ја ставил во багажникот од својот автомобил, со намера да ја пренесе и да ја продава во Скопје. Во близина на наплатната рампа кај Гостивар, полициски службеници извршиле проверка на возилото и ја пронашле дрогата спакувана во пластични шишиња.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, наведувајќи дека лицето би можело да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците во постапката. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, информираат од Јавното обвинителство.

Меган Фокс покажа како изгледа без шминка (ФОТО)

Меган Фокс објави фотографија на Инстаграм на која позира без шминка.

Нејзината објава за еден ден им се допадна на повеќе од милион луѓе.

„Многу си поубава без шминка“, „Прво мислев дека ова е Ким Кардашијан“, „Некои изгледаат исто со и без шминка. Меган е една од нив“, „Одлична фотографија“, „Треба да си без шминка почесто“, ѝ пишувале луѓето во коментарите.

Инаку, Меган неодамна ја промени фризурата. Откако извесен период се појавуваше во јавноста со розова коса со средна должина, сега има екстензии во тиркизна боја.

На следбениците им се допадна нејзината промена. „Одам на фризер со твојата слика“, „Секоја фризура ти стои убаво“, „Косата ти прилега со очите“, „Сега морам да ја фарбам и косата“, ѝ рекле.

Инаку, 37-годишната актерка многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот.

Ограбена менувачница во Чаир, крадците го одзеле сефот со пари

Неколку лица со употреба на сила и погоден предмет вчера влегле во менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, кражбата вчера во СВР Скопје во 10:15 часот ја пријавил сопственикот на менувачницата, М.Д.(42) од Скопје, а се случила околу 04.20 часот.

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Митрески: Продолжуваме со раст на платите, просечна плата 1.100 евра, минимална плата 600 евра

„На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе продолжи по реформскиот пат, патот кон Европската унија кој носи позитивни системски промени или ќе се вратиме назад, кон изолација и заробена држава. “

„На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе продолжи по реформскиот пат, патот кон Европската унија кој носи позитивни системски промени или ќе се вратиме назад, кон изолација и заробена држава. Полноправното членство во Европската унија е нашата единствена опција“, порача денеска Јован Митрески, носител во петтата Изборна единица, на Коалицијата за европска Македонија, на почетокот на кампањата за парламентарните избори.

Тој нагласи дека Коалицијата предводена од СДСМ е одлучна да направи темелни реформи, а тоа е можно само ако ги почнеме преговорите со Европската унија.

„За СДСМ секогаш приоритет се граѓаните. Затоа, и во наредниот период продолжуваме со континуиран раст на платите. Просечната плата ќе достигне 1.100 евра, со влезот во Европската унија ќе достигне 1.300 евра. Минимална плата од 600 евра, со влезот во ЕУ 800 евра. Обезбедуваме поддршка од 180 милиони евра директна финансиска поддршка на бизнисите, 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции“, нагласи Митрески и додаде дека фокусот ќе биде во изградба на одржлива, иновативна и конкурентна економија.

Тој, заедно со кандидатите во петтата Изборна единица ги повика граѓаните одлучно да се спротивстават на сите што сакаат да нѐ вратат во минатото и да дадат поддршка за Планот за европска Македонија!, рече Јован Митрески, носител на ИЕ5.

притисни ентер