Арсовски: Епидемијата на непотизам е раширена низ целата држава

Епидемијата на непотизам е раширена низ целата држава. Нов бран, нови вработувања на функционерите на СДСМ.

Покрај Штип и Прилеп денеска ќе изнесам и неколку случаеви на непотизам во општина Велес.

Велес е град кој од ден во ден се повеќе се празни и се случува егзодус, а наместо да се вработуваат квалитетни кадри, се вработуваат синови ќерки снаи внуки сопружници на функционерите на СДСМ. За сметка на квалитетот се вработува неквалитетот. И нормално во роднински клуч со функционерите на СДСМ.

Па така Пожарната служба во Велес стана прибежиште за роднините на функционерите од СДСМ Велес.

Денеска ќе изнесеме 4 случаи од кои три се луѓе блиски на функционерите од СДСМ вработени во Пожарната служба на општина Велес,

Ново вработен од пред нова година во пожарна во Велес е Ариан Џини – внук на директорката на центарот за социјална работа во Велес. Нормално кадар кој што е близок до власта.

Второ ново вработување од пред нова година во пожарната служба е Милан Прличков инаку сопруг на Пандорка Прличкова советник во општина Велес од СДСМ. Чудно е како сопругот на советничката од СДСМ се вработил токму во претпријатие кое е под советот на општината.

Трето вработување од пред неколку недели е синот на советникот во општина Велес Менсур Бачевац, кој исто така е примен во пожарната служба. Значи двајца советници си ги зближиле своите најблиски.

Четврт и многу чуден случај, сериозен за јавноста. Сестрата на Претседателот на млади на СДСМ Велес, Вера Арсова Митреска, аплицирала за оглас за доктор во Општата болница во Велес каде што се барале 5 доктори. Сериозни сомнежи и индиции за изигрување на законот има бидејќи истата била 7ма на рангирањето, односно се барале 5, и иако била 7ма, далеку од првите 5  сепак била вработена од страна на болницата.

Далии какво влијание имал нејзиниот брат останува Антикорупциската комисија да утврди. Но, она што е интересно е дека можеби ако била на 10 место на рангирањето можеби и денеска  ќе беше нов директор на болницата во Велес според критериумите на СДСМ. Па така уште еднаш апелирам до Антикорупциската комисија да ги истражи сите овие нови случаеви потенцирам нови случаи на непотизам кои што во моментот гледаме дека се шират насекаде во држава, а сега веќе во општините да ги испитаат и нормално да донесат одлуки соодветни за сите сомнежи кои што произлегуваат од овие вработувања.

Важно е да се спречи непотизмот бидејќи како што знаете имаше еден бран каде што беа поднесени повеќе од 400тини претставки пред околу 10тина месеци и од тие 400тини претставки за блиски луѓе на функционерите на СДСМ не видовме освен неколку заради маркетинг да сносат соодветна одговорност.

Затоа апелирам дека одговорност мора да има и одговорност ќе има. Доколку сега не се понесе било каква одговорност за сите овие сомнежи, одговорноста ќе стигне веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, по 12 и ќе следи Обнова на Македонија.

Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Фановите на Коби Брајант со солзи се собраа пред салата , каде тој играше цели 20 години (ВИДЕО)

Светот на спортот е во шок по објавувањето дека еден од најдобрите американски кошаркари на сите времиња, Коби Брајант (41) загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас, град во американската држава Калифорнија.

Коби патувал со уште четири лица во приватен хеликоптер што се урнал и никој не ја преживеал несреќата. Трагичната вест беше официјално потврдена од градските власти на Калабасас. TMZ пренесува дека една од патниците во хеликоптерот била и неговата ќерка Џана Мари.

Веднаш откако ужасната вест се појави во медиумите, навивачите на Лејкерс и љубителите на кошарката започнаа спонтано да се собираат пред центарот „Стејплс“. Луѓето се во неверување, сите плачат, оставаат цвеќиња ...

Брајант е еден од најдобрите НБА кошаркари на сите времиња. Тој ја помина целата своја 20-годишна кариера со Лос Анџелес Лејкерс освојувајќи пет титули во НБА шампионатот (2000, 2001, 2002, 2009, 2010), два пати како МВП на финалето (2009, 2010), еднаш како МВП на сезоната (2008), дури тој е избран 17 пати да учествува во Ол-стар и 11 пати како член на најдобрите пет во сезоната.

Тој освои златен медал со репрезентацијата на САД на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, а четири години подоцна и во Лондон.

Коби  ја заврши кариерата во април 2016 година, со одиграни 1.346 натпревари и рушеше рекорди. Со постигнати 33.643 поени, тој е на четвртото место во целокупниот пласман, пред него се само Карем Абдул-Џабар (38.387), Карл Малоун (36.928) и Леброн Џејмс (33.655). Тој исто така забележа 7.047 скока и 6.306 асистенции.

Брајант е роден во Филаделфија на 23 август 1978 година, а на шестгодишна возраст се пресели во Италија каде неговиот татко Џо Брајанта доби кошаркарски ангажман. На тринаесетгодишна возраст, Бајрант се вратил во Соединетите Држави и започнал да игра кошарка во средношколскиот тим на Мерион.

Во НБА-драфтот во 1996 година, тој беше избран за 13-ти пик од првото коло и го презеде Шарлот Хорнетс. Сепак, Лос Анџелес Лејкерс им понуди на Хорнетс замена со тоа што им го понуди Владе Дивац. Хорнетс ја прифатија понудата, а Брајант стана првиот бруцош кој помина директно од средно училиште во најсилната лига на светот.

Со легендарниот Коби Брајант , загина и неговата 13 – годишна ќерка (ВИДЕО)

Ќерката на легендарниот НБА кошаркар ,Коби Брајант ,  13 годишната Џана Марија Оноре , загина со него во хеликоптерската несреќа .

Тие тргнале кон Мамба Академијата , каде што Џана требало да оди на тренинг , како талентирана кошаркарка . Академијата е во близина на местото Тазенд Оукс , каде што падна хеликоптерот , во сопственост на легендарниот кошаркар.

Во хеликоптерот имало уште три лица , кои исто така загинаа. Според првичните информации меѓу загинатите се уште еден млад кошаркар и неговиот родител .

Пред Стејплс Центарот во Лос Анџелес , каде Ковби со години настапуваше , се собраа стотици негови фанови , кои низ солзи сеуште не можат да поверуваат дека 41- годишната легенда загина.

Македонците ја добија првата подршка од албанска партија за загарантирани места во албанскиот парламент

Македонската партија за европска интеграција МАЕИ, ја доби првата подршка од албанска партија за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанскиот парламент.

Барањето на Македонците и другите малцинства е со новиот изборен законик да има загарантрани пратенички места за малцинствата, како што тоа е пример со повеќе европски земји.

Првата подршка доаѓа од партијата „Ново движење" чиј лидер е Ариан Галдини, во чија организација вечерва се одржа трибина на тема „Изборната реформа и нашите ставови и предлози" на која учествуваше и пратеникот од редовите на МАЕИ Васил Стерјовски. На трибината учествуваа професори, пратеници, претседатели на партии, кои разменија мислења за Изборниот законик, а дадоа и конкретни предлози.

Меѓу другото учесниците побараа промена на изборниот модел, како и електронско гласање и броење со цел да се гаранира секој глас.

– Како претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интегација и пратеник во албанското Собрание, го поддржувам барањето за промена на изборниот

модел и електронското гласање и броење. Во име на сите малцинства ќе поднесам Предлог – закон во албанското Собрание со кој ќе се бара загарантирани пратенички места за малцинствата во албанското Собрание, рече меѓу другото пратеникот Стерјовски на средбата.

Лидерот на партијата „Ново движење", Галдини истакна дека како партија го подржуваат предлогот на Стерјовски за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанско Собрание./МИА

притисни ентер