ДИК се прогласи за ненадлежна да одлучува за именувањето на Ристо Ставревски

Државната комисија одлучи едногласно – не е надлежна за решавање на спорот околу именувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје. 

Членовите на ДИК се повикаа на член 46 од Законот за Влада во кој стои дека тие треба да пресечат кога има несогласувања меѓу двајцата технички министри, но само кога се работи за правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со изборите – а именувањето на началници сметаат дека не е во доменот на Државната изборна комисија. Членовите на ДИК ги повикаа министрите од техничката Влада поинтензивно да соработуваат за спроведување на предвремените избори.

„Не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите од член 46, став 3 од Законот за Влада. Да не биде дека некого кудиме, меѓутоа ние во овој случај немаме надлежност бидејќи ова прашање не се однесува на организација и спроведување на изборите“,изјави Оливер Деркоски – претседател на ДИК.

-Наместо сите заедно да се доведуваме во ситуација ДИК да пресекува и постапува за поединци од Владата, сметам дека е потребно да комуницираме, соработуваме и координираме за да не се добива погрешен впечаток во јавноста за евентуални проблеми во врска со спроведувањето на изборите,истакна Борис Кондарко – член на ДИК .

По ваквата одлука на ДИК, министерто Наќе Чулев за Канал 5 вели дека случајот е веќе затворен – а Ристо Ставревски и покрај противењето на заменичката Петровска е нов началник на СВР Скопје..

Инаку, за успешна имплементација на активностите поврзани со изборите, денес министерот Чулев оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ Клеменс Која со кој договориле интензивирање на меѓусебната соработка и обука на полицајците кои првпат ќе работат за изборниот процес. 

Затворени училишта и попречен сообраќај поради обилни врнежи од снег во Техеран

Отежнато е движењето по улиците, попречен е и воздушниот сообраќај, затворени се училишта.

Обилните снежни врнежи ги обелија улиците во Техеран, отежнувајќи им го на жителите секојдневието во градот, известуваат градските власти.

Снегот започнал да паѓа рано наутро и веднаш го попречил движењето во главниот град.

Сите летови или доцнат или се откажани.

Заради обилниот снег затворени се и сите училишта во главниот град и во некои околни подрачја.

Обилниот снег ќе продолжи да паѓа до утре.

Без струја утре дел од Драчево и Ѓорче Петров

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре во одредени временски интервали без струја ќе останат дел од жителите во Драчево и Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од улиците Иван Хаџиниколов (поранешна Ратко Митровиќ), Скендербег и Радое Дакиќ  во населбата Драчево, а од 9 до 15 часот дел од улиците Ибе Паликуќа, Кичевска и Зејнел Ајдини во општина Ѓорче Петров./МИА

Полицијата во Хонг Конг со солзавец ги растерува демонстрантите

Полицијата на денешните протесни користеше солзавец за да ги растера илјадниците антивладини демонстранти кои се собраа во Хонг Конг.

Пред да започнат демонстрациите, полицијата интервенирала кога митингот прераснал во импровизиран марш. Видено е како неколку полициски единици апсат демонстранти.

Организаторите на почетокот побарале дозвола за марш, но полицијата се согласила само на статичен митинг во паркот, велејќи дека изминатите маршови се  претвориле во насилство.

притисни ентер