Брисел мора да ја заврши домашната задача кон овие земји, рече претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дел Лајен во Европскиот Парламент за време на претставувањето на приоритетите на новото хрватско претседателство.
-Затоа, треба да ја изготвиме нашата методологија на проширување, да дискутираме за неопходната модернизација и првенствено, на нашите пријатели од Западен Балкан да им дадеме перспектива да за почеток на пристапните преговори со С.Македонија и Албанија. Тие го завршија својот дел од работата, а сега нам ни е редот. Дојде момент да им отвориме европска перспектива., изјави Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија
Хрватскиот премиер Пленковиќ само го повтори она што безмалку секој ден го испраќа на адреса Скопје – Тирана. Пред европратениците ги наброја четирите клучни приоритети, вклучително и обезбедување јасен конзензус во Унијата за старт на преговорите со двете земји, изјава која наиде на реакција кај крајните десничари.
-Организирањето на Самитот во Загреб, ЕУ – Западен Балкан и отворањето преговори за членство на С. Македонија и Албанија. Не ја криеме амбицијата да ја добиеме поддршката на земјите членки за отворање преговори со овие две земји., изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска
-Вистина е дека овие две земји се наши сојузници, но таму има големо ниво на корупција, делување на исламистички групи, врски со Турција и не ги исполнуваат условите., изјави Николас Беј, блок Европа на нациите и слободата
Силната европска поддршка на новото раководство на Европската Комисија се очекува утре во Скопје да ја потврди и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. За време на својата прва посета на земјава, Вархеји ќе се сретне со претседателот Пендаровски, премиерот Спасовски, спикерот Џафери и лидерите на најголемите политички партии, Заев и Мицкоски.