На повидок ли е решение на црковниот спор и признавање на МПЦ-ОА?

Цариградскиот  патријарх Вартоломеј на заедничка средба  ќе повика претставници на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Српската православна црква.

Цариградскиот  патријарх Вартоломеј на заедничка средба во Вселенската патријаршија во Истанбул ќе повика претставници на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Српската православна црква со цел изнаоѓање заемно прифатливо решение на црковниот спор. Оваа одлука произлегла по вчерашната посета на премиерот на преодната влада Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев пишува весникот „Ortodox times“. Објавувајќи детали од разговорите , весникот се повикува на соопштение од Вселенската Патријаршија во кое меѓу другото стои дека на средбата одблиску се разгледал црковниот проблем и сите досегашни фази.

- Во текот на разговорот беа ставени на тапет претходните фази на прашањето, како и желбата на тамошната Црква да се врати во каноничност, под името Охридска архиепископија, согласно своевремено поднесената молба за апелација односно еклитон  од нејзина страна. Господинот премиер и тие со него ја изразија својата почит и доверба кон Мајката Црква, чиј благослов го добија за целиот тамошен клир и народ.

Се наведува во соопштението од Вселенската  патријаршија. Дека патријархот Вартоломеј работи на решавање  на спорот меѓу МПЦ и СПЦ со цел решавање на статусот , вчера за Канал 5 потврди владиката Тимотеј , а со надеж за интензивирање на дијалогот  и решавање на проблемот, ден по разговорите со Вартоломеј изнесе и премиерот Спасовски.

Од Српската православна црква засега молк за средбата на Вартоломеј со Македонските официјални лица. Се занимаваат само медиумите-дел објавуваат куси информации  а други пишуваат дека со тоа што Вселенската патријаршија прифатила да го разгледува прашањето на МПЦ-ОА, почнала ревизија на својот Томос за СПЦ од 1922 година. Некои медиуми потсетуваат на изјавата на американскиот амабасадор во Ватикан до Српскиот епископ во 2007-та дека Српско црковно прашање во Македонија, за Америка не постои. Други пак на минатогодишната изјава на Рускиот патријарх Кирил дека Вселенскиот патријарх можело да го примени ,, украинското сценарио“ за признавање ан автокефалноста на МПЦ-ОА.

Фановите на Коби Брајант со солзи се собраа пред салата , каде тој играше цели 20 години (ВИДЕО)

Светот на спортот е во шок по објавувањето дека еден од најдобрите американски кошаркари на сите времиња, Коби Брајант (41) загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас, град во американската држава Калифорнија.

Коби патувал со уште четири лица во приватен хеликоптер што се урнал и никој не ја преживеал несреќата. Трагичната вест беше официјално потврдена од градските власти на Калабасас. TMZ пренесува дека една од патниците во хеликоптерот била и неговата ќерка Џана Мари.

Веднаш откако ужасната вест се појави во медиумите, навивачите на Лејкерс и љубителите на кошарката започнаа спонтано да се собираат пред центарот „Стејплс“. Луѓето се во неверување, сите плачат, оставаат цвеќиња ...

Брајант е еден од најдобрите НБА кошаркари на сите времиња. Тој ја помина целата своја 20-годишна кариера со Лос Анџелес Лејкерс освојувајќи пет титули во НБА шампионатот (2000, 2001, 2002, 2009, 2010), два пати како МВП на финалето (2009, 2010), еднаш како МВП на сезоната (2008), дури тој е избран 17 пати да учествува во Ол-стар и 11 пати како член на најдобрите пет во сезоната.

Тој освои златен медал со репрезентацијата на САД на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, а четири години подоцна и во Лондон.

Коби  ја заврши кариерата во април 2016 година, со одиграни 1.346 натпревари и рушеше рекорди. Со постигнати 33.643 поени, тој е на четвртото место во целокупниот пласман, пред него се само Карем Абдул-Џабар (38.387), Карл Малоун (36.928) и Леброн Џејмс (33.655). Тој исто така забележа 7.047 скока и 6.306 асистенции.

Брајант е роден во Филаделфија на 23 август 1978 година, а на шестгодишна возраст се пресели во Италија каде неговиот татко Џо Брајанта доби кошаркарски ангажман. На тринаесетгодишна возраст, Бајрант се вратил во Соединетите Држави и започнал да игра кошарка во средношколскиот тим на Мерион.

Во НБА-драфтот во 1996 година, тој беше избран за 13-ти пик од првото коло и го презеде Шарлот Хорнетс. Сепак, Лос Анџелес Лејкерс им понуди на Хорнетс замена со тоа што им го понуди Владе Дивац. Хорнетс ја прифатија понудата, а Брајант стана првиот бруцош кој помина директно од средно училиште во најсилната лига на светот.

Со легендарниот Коби Брајант , загина и неговата 13 – годишна ќерка (ВИДЕО)

Ќерката на легендарниот НБА кошаркар ,Коби Брајант ,  13 годишната Џана Марија Оноре , загина со него во хеликоптерската несреќа .

Тие тргнале кон Мамба Академијата , каде што Џана требало да оди на тренинг , како талентирана кошаркарка . Академијата е во близина на местото Тазенд Оукс , каде што падна хеликоптерот , во сопственост на легендарниот кошаркар.

Во хеликоптерот имало уште три лица , кои исто така загинаа. Според првичните информации меѓу загинатите се уште еден млад кошаркар и неговиот родител .

Пред Стејплс Центарот во Лос Анџелес , каде Ковби со години настапуваше , се собраа стотици негови фанови , кои низ солзи сеуште не можат да поверуваат дека 41- годишната легенда загина.

Македонците ја добија првата подршка од албанска партија за загарантирани места во албанскиот парламент

Македонската партија за европска интеграција МАЕИ, ја доби првата подршка од албанска партија за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанскиот парламент.

Барањето на Македонците и другите малцинства е со новиот изборен законик да има загарантрани пратенички места за малцинствата, како што тоа е пример со повеќе европски земји.

Првата подршка доаѓа од партијата „Ново движење" чиј лидер е Ариан Галдини, во чија организација вечерва се одржа трибина на тема „Изборната реформа и нашите ставови и предлози" на која учествуваше и пратеникот од редовите на МАЕИ Васил Стерјовски. На трибината учествуваа професори, пратеници, претседатели на партии, кои разменија мислења за Изборниот законик, а дадоа и конкретни предлози.

Меѓу другото учесниците побараа промена на изборниот модел, како и електронско гласање и броење со цел да се гаранира секој глас.

– Како претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интегација и пратеник во албанското Собрание, го поддржувам барањето за промена на изборниот

модел и електронското гласање и броење. Во име на сите малцинства ќе поднесам Предлог – закон во албанското Собрание со кој ќе се бара загарантирани пратенички места за малцинствата во албанското Собрание, рече меѓу другото пратеникот Стерјовски на средбата.

Лидерот на партијата „Ново движење", Галдини истакна дека како партија го подржуваат предлогот на Стерјовски за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанско Собрание./МИА

притисни ентер