Спасовски: Врвен приоритет на оваа Влада е функционирање на институциите и владеење на правото

Врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада без исклучок е да обезбедат континуитет на функционирањето на институциите, на владеење на правото и на демократијата.

Врвен приоритет на оваа Влада е функционирање на институциите и владеење на правото, но и организирање на фер и демократски избори на 12-ти април, порача претседателот на техничката влада Оливер Спасовски на својата прва прес конференција откако е избран на оваа функција. Спасовски побара од сите министри во Владата одговорни постапки со цел одржување на избори какви што доликуваат на една европска демократија.

„Врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада без исклучок е да обезбедат континуитет на функционирањето на институциите, на владеење на правото и на демократијата. Да отвориме максимален простор за демократска волја на граѓаните да учествуваат во изборот на нова легитимна влада. Тој нагласи дека сите услуги на граѓаните ќе бидат испорачани во целост, на време и непречено, независно дали станува збор за субвенциите за земјоделците, помошта на социјалните категории на граѓани, покачувањето на платите во јавниот сектори или услугите на администрацијата“, рече Спасовски.

Спасовски ги повика министерот за внатрешни Наќе Чулев и неговата дополнителна заменичка Славјанка Петровска кои се во судир околу назначувањето на началник на СВР Скопје, но и повлекување на наредби за распредeлба на возила и полициски службеници да ги надминат недоразбирањата преку дијалог. Сепак, Спасовски вели состојбата најверојатно се должи на неразбирање на процедурите во МВР.

„Треба да се внимава во МВР затоа што е многу е важно да немаме никакви закани за безбедноста и да дојдеме до една ситуација на нестабилност и неизвесност на граѓаните. Не носи ништо добро што ќе создаде хаос. Очекувам дека сите овие недоразбирања ќе бидат надминати и низ дијалог да ги решат овие прашања“, порача Спасовски.

Во ВМРО ДПМНЕ му одговорија дека должност министрите работат во интерес на граѓаните и запирање на злоупотребите.

Премиерот Спасовски апелираше и за елиминирање и за „нула толеранција“ на говорот на омраза.

Полицијата во Хонг Конг со солзавец ги растерува демонстрантите

Полицијата на денешните протесни користеше солзавец за да ги растера илјадниците антивладини демонстранти кои се собраа во Хонг Конг.

Пред да започнат демонстрациите, полицијата интервенирала кога митингот прераснал во импровизиран марш. Видено е како неколку полициски единици апсат демонстранти.

Организаторите на почетокот побарале дозвола за марш, но полицијата се согласила само на статичен митинг во паркот, велејќи дека изминатите маршови се  претвориле во насилство.

Видео: Во Русија верниците се нурнаа во осветените води и на поларни температури

И на минусни 30 степени Русите ја продолжуваат традицијата за Богојавление.

И покрај студот и снегот во Сибир глетката е навистина величествена. Празникот се одбележува со капење во студената вода, откако ден претходно таа се осветува за да се исчистат гревовите на верниците.

Според народната традиција - во очи на овој празник верниците во Русија три пати нуркаат во вода. Ова е проследено и со верувањето дека луѓето не смеат да се клеветат едни со други и да се караат, како и дека треба да посетат црква.

Магла на патот од село Лисец кон Попова Шапка, видливост до 50 метри

На патниот правец од село Лисец кон Попова Шапка попладнево има магла поради што видливоста е намалена до 50 метри, информира јавното претпријатие „Македонијапат".

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози. /МИА

притисни ентер