Македонците во Албанија ја одбележаа Василица

Македонците во Албанија го прославија празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година според јулијанскиот календар.

По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција.

Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Според традицијата наследена од дедовци прадедовци, деца маскирани и со некој музики инструмент во рака одат од куќа во куќа пеат песни и прават голема врева со тенџериња и ѕвонци кои ги носат со себе.

– Во секое македонско семејство ширум Албанија, во Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Поградец… домаќинките подготуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта, велат од македонското друштво „Илинден".

Во исто време друштвото упати честитка по повод Православна Нова година, до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и дијаспората, со желби за здравје, среќа, мир и благосостојба. /МИА.

Затворени училишта и попречен сообраќај поради обилни врнежи од снег во Техеран

Отежнато е движењето по улиците, попречен е и воздушниот сообраќај, затворени се училишта.

Обилните снежни врнежи ги обелија улиците во Техеран, отежнувајќи им го на жителите секојдневието во градот, известуваат градските власти.

Снегот започнал да паѓа рано наутро и веднаш го попречил движењето во главниот град.

Сите летови или доцнат или се откажани.

Заради обилниот снег затворени се и сите училишта во главниот град и во некои околни подрачја.

Обилниот снег ќе продолжи да паѓа до утре.

Без струја утре дел од Драчево и Ѓорче Петров

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре во одредени временски интервали без струја ќе останат дел од жителите во Драчево и Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од улиците Иван Хаџиниколов (поранешна Ратко Митровиќ), Скендербег и Радое Дакиќ  во населбата Драчево, а од 9 до 15 часот дел од улиците Ибе Паликуќа, Кичевска и Зејнел Ајдини во општина Ѓорче Петров./МИА

Полицијата во Хонг Конг со солзавец ги растерува демонстрантите

Полицијата на денешните протесни користеше солзавец за да ги растера илјадниците антивладини демонстранти кои се собраа во Хонг Конг.

Пред да започнат демонстрациите, полицијата интервенирала кога митингот прераснал во импровизиран марш. Видено е како неколку полициски единици апсат демонстранти.

Организаторите на почетокот побарале дозвола за марш, но полицијата се согласила само на статичен митинг во паркот, велејќи дека изминатите маршови се  претвориле во насилство.

притисни ентер