Видео: Шестмина загинати, 16 повредени кога автобус пропаднал во дупка во централна Кина

Најмалку шест лица загинаа, а 16 се повредени откако огромна дупка која што се отворила среде улица и проголтала автобус и неколкумина пешаци во централна Кина.

Инцидентот се случил вчера вечер пред болница во Шининг, главниот град на провинцијата Чингај. 

Снимки од околните безбедносни камери прикажуваат експлозија во дупката кратко пред автобусот и случајните минувачи да пропаднат во неа. Неколкумина се обиделе да им помогнат на повредените, но и тие пропаднале кога отворот во улицата одеднаш се проширил.

 Според државните медиуми во Кина дупката е со широчина од 10  метри. Нејасно е колку патници имало во автобусот во моментот на несреќата. Неколку смртоносни дупки се пријавени во Кина во изминатите неколку години.

Полицијата во Хонг Конг со солзавец ги растерува демонстрантите

Полицијата на денешните протесни користеше солзавец за да ги растера илјадниците антивладини демонстранти кои се собраа во Хонг Конг.

Пред да започнат демонстрациите, полицијата интервенирала кога митингот прераснал во импровизиран марш. Видено е како неколку полициски единици апсат демонстранти.

Организаторите на почетокот побарале дозвола за марш, но полицијата се согласила само на статичен митинг во паркот, велејќи дека изминатите маршови се  претвориле во насилство.

Видео: Во Русија верниците се нурнаа во осветените води и на поларни температури

И на минусни 30 степени Русите ја продолжуваат традицијата за Богојавление.

И покрај студот и снегот во Сибир глетката е навистина величествена. Празникот се одбележува со капење во студената вода, откако ден претходно таа се осветува за да се исчистат гревовите на верниците.

Според народната традиција - во очи на овој празник верниците во Русија три пати нуркаат во вода. Ова е проследено и со верувањето дека луѓето не смеат да се клеветат едни со други и да се караат, како и дека треба да посетат црква.

Магла на патот од село Лисец кон Попова Шапка, видливост до 50 метри

На патниот правец од село Лисец кон Попова Шапка попладнево има магла поради што видливоста е намалена до 50 метри, информира јавното претпријатие „Македонијапат".

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози. /МИА

притисни ентер