Грчката влада нареди да се повлечат плакатите против абортусот , поставени во атинското метро

Грчката влада денеска нареди да се повлечат постерите од кампањата против абортусот, ,,Дозволете ми да живеам”, поставени во атинското метро, ​​среде бура од незадоволство во јавноста.

„Врз основа на одлуката на Министерството за транспорт и со оглед на реакцијата на јавноста, грчката компанија за јавен превоз тврди дека „оваа кампања против абортусот може да биде на штета на правата на жените и одлучи да ја прекине“, се вели во соопштението објавено денеска.

Најголемата опозициска партија Сириза, крајната левица и бројните организации за права на жените реагираа остро на оваа „пропаганда против основните права на жените“, а остри критики ги преплавија денеска социјалните мрежи.

Во Грција, како и во повеќето земји од ЕУ, прекинување на бременоста е можно до 12 недела.

Асоцијацијата „Дозволете ми да живеам“, која обединува 19 христијански здруженија, организираше кампања против абортусот заедно со грчката православна црква.

Минатата година го воведоа и „Денот на нероденото бебе“, што се одбележува на првата недела по Божиќ.

Загрижена за ниската стапка на наталитет во Грција (1,3 во 2017 година, покажуваат бројките на Еслит), десничарската влада на Киријакос Мицотакис, која ја презеде власта пред шест месеци, вети до 2000 евра во готово за секое дете родено во земјата.

Мерката ги разлути феминистичките движења, кои ги осудија владините „сексистички политики“.

Фановите на Коби Брајант со солзи се собраа пред салата , каде тој играше цели 20 години (ВИДЕО)

Светот на спортот е во шок по објавувањето дека еден од најдобрите американски кошаркари на сите времиња, Коби Брајант (41) загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас, град во американската држава Калифорнија.

Коби патувал со уште четири лица во приватен хеликоптер што се урнал и никој не ја преживеал несреќата. Трагичната вест беше официјално потврдена од градските власти на Калабасас. TMZ пренесува дека една од патниците во хеликоптерот била и неговата ќерка Џана Мари.

Веднаш откако ужасната вест се појави во медиумите, навивачите на Лејкерс и љубителите на кошарката започнаа спонтано да се собираат пред центарот „Стејплс“. Луѓето се во неверување, сите плачат, оставаат цвеќиња ...

Брајант е еден од најдобрите НБА кошаркари на сите времиња. Тој ја помина целата своја 20-годишна кариера со Лос Анџелес Лејкерс освојувајќи пет титули во НБА шампионатот (2000, 2001, 2002, 2009, 2010), два пати како МВП на финалето (2009, 2010), еднаш како МВП на сезоната (2008), дури тој е избран 17 пати да учествува во Ол-стар и 11 пати како член на најдобрите пет во сезоната.

Тој освои златен медал со репрезентацијата на САД на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, а четири години подоцна и во Лондон.

Коби  ја заврши кариерата во април 2016 година, со одиграни 1.346 натпревари и рушеше рекорди. Со постигнати 33.643 поени, тој е на четвртото место во целокупниот пласман, пред него се само Карем Абдул-Џабар (38.387), Карл Малоун (36.928) и Леброн Џејмс (33.655). Тој исто така забележа 7.047 скока и 6.306 асистенции.

Брајант е роден во Филаделфија на 23 август 1978 година, а на шестгодишна возраст се пресели во Италија каде неговиот татко Џо Брајанта доби кошаркарски ангажман. На тринаесетгодишна возраст, Бајрант се вратил во Соединетите Држави и започнал да игра кошарка во средношколскиот тим на Мерион.

Во НБА-драфтот во 1996 година, тој беше избран за 13-ти пик од првото коло и го презеде Шарлот Хорнетс. Сепак, Лос Анџелес Лејкерс им понуди на Хорнетс замена со тоа што им го понуди Владе Дивац. Хорнетс ја прифатија понудата, а Брајант стана првиот бруцош кој помина директно од средно училиште во најсилната лига на светот.

Со легендарниот Коби Брајант , загина и неговата 13 – годишна ќерка (ВИДЕО)

Ќерката на легендарниот НБА кошаркар ,Коби Брајант ,  13 годишната Џана Марија Оноре , загина со него во хеликоптерската несреќа .

Тие тргнале кон Мамба Академијата , каде што Џана требало да оди на тренинг , како талентирана кошаркарка . Академијата е во близина на местото Тазенд Оукс , каде што падна хеликоптерот , во сопственост на легендарниот кошаркар.

Во хеликоптерот имало уште три лица , кои исто така загинаа. Според првичните информации меѓу загинатите се уште еден млад кошаркар и неговиот родител .

Пред Стејплс Центарот во Лос Анџелес , каде Ковби со години настапуваше , се собраа стотици негови фанови , кои низ солзи сеуште не можат да поверуваат дека 41- годишната легенда загина.

Македонците ја добија првата подршка од албанска партија за загарантирани места во албанскиот парламент

Македонската партија за европска интеграција МАЕИ, ја доби првата подршка од албанска партија за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанскиот парламент.

Барањето на Македонците и другите малцинства е со новиот изборен законик да има загарантрани пратенички места за малцинствата, како што тоа е пример со повеќе европски земји.

Првата подршка доаѓа од партијата „Ново движење" чиј лидер е Ариан Галдини, во чија организација вечерва се одржа трибина на тема „Изборната реформа и нашите ставови и предлози" на која учествуваше и пратеникот од редовите на МАЕИ Васил Стерјовски. На трибината учествуваа професори, пратеници, претседатели на партии, кои разменија мислења за Изборниот законик, а дадоа и конкретни предлози.

Меѓу другото учесниците побараа промена на изборниот модел, како и електронско гласање и броење со цел да се гаранира секој глас.

– Како претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интегација и пратеник во албанското Собрание, го поддржувам барањето за промена на изборниот

модел и електронското гласање и броење. Во име на сите малцинства ќе поднесам Предлог – закон во албанското Собрание со кој ќе се бара загарантирани пратенички места за малцинствата во албанското Собрание, рече меѓу другото пратеникот Стерјовски на средбата.

Лидерот на партијата „Ново движење", Галдини истакна дека како партија го подржуваат предлогот на Стерјовски за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанско Собрание./МИА

притисни ентер