Номинации за „Оскар“: „Медена земја“ во потесен избор во две категории

Американската филмска академија денеска треба да ги соопшти номинациите со петте кандидати во трка за „Оскар“ за церемонијата на доделување на престижната награда која ќе се одржи на 9-ти февруари во Лос Анџелес.

Нашиот наградуван филм „Медена земја“ е во потесен избор во две категотрии – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Во категоријата најдобар документарец, филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е меѓу 15 селектирани од 159 квалификувани, а во категоријата за најдобар интернационален филм е во потесниот избор во кој влегоа десет наслови од 91 пријавен.

Доколку „Медена земја“ добие номинации за „Оскар“ во двете категории, ќе биде прв македонски филм со таков успех.

 Рдинствениот македонски филм кој претходно добил номинација за „Оскар“ е „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 година.

Уште еден наш филм, но како југословенски кандидат за најпрестижната филмска награда, беше документарецот „Дае“ на Столе Попов пред точно 40 години.

Полицијата во Хонг Конг со солзавец ги растерува демонстрантите

Полицијата на денешните протесни користеше солзавец за да ги растера илјадниците антивладини демонстранти кои се собраа во Хонг Конг.

Пред да започнат демонстрациите, полицијата интервенирала кога митингот прераснал во импровизиран марш. Видено е како неколку полициски единици апсат демонстранти.

Организаторите на почетокот побарале дозвола за марш, но полицијата се согласила само на статичен митинг во паркот, велејќи дека изминатите маршови се  претвориле во насилство.

Видео: Во Русија верниците се нурнаа во осветените води и на поларни температури

И на минусни 30 степени Русите ја продолжуваат традицијата за Богојавление.

И покрај студот и снегот во Сибир глетката е навистина величествена. Празникот се одбележува со капење во студената вода, откако ден претходно таа се осветува за да се исчистат гревовите на верниците.

Според народната традиција - во очи на овој празник верниците во Русија три пати нуркаат во вода. Ова е проследено и со верувањето дека луѓето не смеат да се клеветат едни со други и да се караат, како и дека треба да посетат црква.

Магла на патот од село Лисец кон Попова Шапка, видливост до 50 метри

На патниот правец од село Лисец кон Попова Шапка попладнево има магла поради што видливоста е намалена до 50 метри, информира јавното претпријатие „Македонијапат".

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози. /МИА

притисни ентер