Грипот почна да ги полни амбулантите

Грипот почна да ги полни амбулантите. Иако изминатата недела има  207 нови случаи на грип или 31 % повеќе од претходната недела, според здравствените власти вистинската сезона на грип сеуште не е започната.  

На јголем број од заболените се дечиња до четири години и граѓани од 15 до 64 години, а најмногу новозаболени има во Скопје, Гостивар и во Струмица.

Загадениот воздух го намалува општиот имунитет кај здравото население, предизвикува и компликации кај болните луѓе. Од 6700 вакцини комерцијални вакцини коишто се на располагање, преку донација државата ќе ги пренамени во бесплатни. Од институтот велат дека 1000 ќе бидат за дечињата до 5 години и околу 4500 за хронично болните пациенти. граѓаните ќе можат да ги добијат со закажување преку ”мој термин”.

Хоспитализирани од компликации на грип има, но потешки или смртни случаи сеуште не се забележани оваа сезона. Зголемен број на заболени од грип се очекуваат со стартот на учебната година, односно во месец февруари.

Во овој дел од годината, освен вакцината против грип, редовно проветрување на просториите и внес на храна богата со витамини и минерали се единственото оружје кое може да му пркоси на вирусот.

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

притисни ентер