Зоран Милановиќ е нов претседател на Хрватска

По четири години во опозицискиот  табор како социјалдемократ, некогашниот Хрватски премиер Зоран Милановиќ се врати на голема врата во Хрватска.

Со над сто илјади гласови предност ја победи досегашната Претседателка на државата Колинда Грабар Китаровиќ и стана новиот татко на нацијата. Оваа смена на претседателите на Хрватска се случува во момент кога земјата е актуелен претседавач со Европската Унија , со што новиот шеф на државата покрај домашните ќе има и набиена агенда на обврски кои пропизлегуваат од европската улога на земјата првите шест месеци од годинава. Така, Пред  Милановиќ стојат повеќе отворени прашања како што се заштитата на границите, проширување на ЕУ и Брегзит. Кога сме кај проширувањето , Хрватска на почетокот мај ќе го организира Самитот  на кој главен акцент ќе биде ставен на Западен Балкан и на неговото придвижување кон ЕУ, состанок во кој Македонија полага огромни надежи кога е во прашање добивањето на датум за старт на преговорите за членство, ако тоа евентуално не се случи во март за кога  има одредени непотврдени најави од Брисел. Но,. Хрватска независно од позицијата во ЕУ и НАТО била наш постојан поддржувач за членството во овие два клуба што се гледало и преку отворената поддршка на нејзините државни функционери. Така е и со новоизбраниот претседател Милановиќ кој на македонската јавност и е познат по неговата ветувачка реторика  уште од пред неколку години од позицијата премиер.

„ Ние сакаме се најдобро кога е во прашање техничката содржина на преговоритекога е во прашање политиката каде Македонија не е примена во НАТО, и има тежок пат за влез во Евроспката унија тука можам да бидам само пријател на Македонија. Оваа состојба мора да престане. “ – изјави од позиција на премиер на Хрватска, Зоран Милановиќ.

Хрватска и Македонија немаат отворени прашања. Но, при секои средби обострано е нагласувана потребата за интензивирање на билатералните односи во делот на економијата и стопанството. Поддршката за нашето евроатлантско интегрирање е константа во тие односи.

Но, дали Милановиќ ќе остане доследен во своите ветувања за Македонија на патот кон евроспкото семејство е прашање кое што според експертите допрва ќе се одрази во реалноста.

Првите честитки од домашна адреса упатени кон Милановиќ стигнаа од неговата сестринска партија, техничкиот премиер Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ Зоран Заев кои изразија силна поддршка од претседателот Милановиќ за европските интеграции на Република Северна Македонија.

Синдикат и раководството во МВР постигнаа договор, издадените наредби да ги потпишуваат и министерот и дополнителниот заменик министер

Договорено е, соопштија од Македонскиот полициски синдикат.

Со потпишување на записникот од три работни состаноци од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев успешно завршиле преговорите со раководството на МВР.

Договорено е, соопштија од Македонскиот полициски синдикат, при издавањето наредби за извршување на работни задачи тие да бидат со точно определен рок на важност односно до завршување на мандатот на техничката влада, потоа сите издадени наредби да бидат задолжително потпишани од министерот и дополнителниот заменик министер.

– Како факт со кој ние како синдикат сме собено сме задоволни е тоа што при секое поместување на колегите истите ќе ја добиваат платата која е поповолна за нив и не се повредува ниту едно право од работен однос, велат од Македонскиот полициски синдикат од каде изразуваат уверување оти веќе од денеска ќе се надмине актуелната состојба во МВР.

Како што соопштија од Македонскиот полициски синдикат, преговорите се завршени по одржани три работни состаноци во просториите на МВР на кој учествувале министерот Чулев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Петровска и директорот на БЈБ Сашо Тасевски со своите работни тимови, како и претсдателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев, генералниот секретар Киро Трајковски и советникот на претседателот на синдикатот Златко Цветковски.

Како причина за работната средба била актуелната состојба во МВР на секојдневно издавање наредби и решенија за работа од страна на министерот за внатрешни работи и нивно поништување од страна на Владата на Република Македонија, со што сите вработени во Министерството биле доведени во една конфузна и збунувачка состојба што пак, стои во соопштението од Македонскиот полициски синдикат, им преставуваше сериозна пречка за нормално извршување на редовните работни задачи и реализација на правата од работен однос.

– Со оваа активност ние како како единствен репрезентативен синдикат во МВР уште еднаш докажавме дека сме сериозна синдикална органзиација на која еден од осовните постулати е заштита на правата од работен однос на своите членови, се подвлекува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат. 

Заев: Рекордните 1,2 милиони туристи во 2019 ја покажуваат успешноста на политиките на СДСМ во туризмот

Навистина прекрасен е Охрид во секој период од годината особено кога ќе проштетате со овие млади луѓе овде низ Чаршијата.

Денеска сме овде да прошетаме низ Чаршијата и да разговараме со раководителите на одредени сектори со граѓаните поради тоа развојот и растот на секој дел од нашата земја е важен. Гранката на туризмот е еден од сериозните партиципиенти во нашиот бруто домашен производ и затоа растот којшто го овозможуваме во туризмот е нешто на кое се радуваме и веруваме дека ќе биде дополнителна иницијална каписла за уште поголем развој на туризмот во периодот кој е пред нас.

2019 година ја завршивме со преку 1,2 милиони туристи или 5,8% повеќе од 2018 година што со самиот тренд покажува дека мерките кои се преземени даваат резултати. Секако не само преку мерките за поддршка на внатрешниот туризам, односно сиромашните граѓани којшто им беше овозможено да имаат можност да летуваат во текот на годината заедно со своето семејство до обезбедените дестинации до Охрид, Скопје сето тоа го овозможуваа.

Веруваме дека преку еден добар план за равој на туризмот во цела земја посебно во охридско -струшкиот регион ќе овозможиме дополнително екстензија на туристичката сезона која што е многу важна за Охрид. Сите мерки којшто досега ги развиваме се дополнително привлекување на внимението на нашите граѓани, соседите, европа и светот за почесто да ни го посетуваат Охрид.

Во тој дух, економијата продолжува да биде нешто на што ќе бидеме целосно преокупирани.

Јас верувам дека на решени работи со соседите, на интегрирана земја во НАТО, започнати преговори со ЕУ, изградено пријателство со соседите и тоа како можеме да очекуваме значаен развој во туризмот, но и севкупен економски раст и развој на нашата земја.

Верувам дека Охрид ќе напредува, како сите други градови во Македонија за да можеме да кажеме дека сме успеале на тоа што целиме.

Центар за комуникација со јавноста на СДСМ

Италијанецот кој ноќеска беше тестиран на Инфективна клиника нема коронавирус

Италијанскиот државјанин, кој доцна синоќа беше примен на Инфективната клиника во Скопје, е тестиран и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство.

Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“ и откако се сместил, отишол да се пријави на Инфективна клиника оти имал стомачни тегоби.

Како што претходно соопштија од министерството за здравство, пациентот бил ставен во изолација и кај него се направени тестови согласно утврдениот протокол. Тој поминал низ термалната камера на скопскиот аеродром, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал откако се сместил, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22 часот.

притисни ентер