Словенски тренер дави навивач , кој му ја турнал сопругата (ВИДЕО)

Словенскиот тренер , Меми Бечировиќ направи вистински хаос на натпревар на кинеското кошаркарско првенство.

Тренерот на Џиангсу Драгонс полуде, откако еден од навивачите ја турна неговата сопругата, која се обидувала да го спречи да им дофрлува на играчите на теренот.

Кинезите неколку пати ја истурка, а Беќировиќ потоа тргна во пресметка со него. Тој стигна до навивачот и го удри, а потоа почна да го дави. Интересно е што во пресметката беше вклучен и поранешниот кошаркар на НБА, Ленс Стивенсон.

Тој се расправаше со навивачот на домашната екипа, а кога овој почна да дофрла и го покажа средниот прст кон неа, г-ѓа Беќировиќ реагира и се обиде да го спречи навивачот. Тој ја оттурна, а потоа настана хаос.

МД „Илинден“ бара Комитетот за национални малцинства во Тирана да постави повеќејазична табла

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, побара од Комитетот за национални малцинства во Албанија да постави повеќејазична табла како што ветил пред една година, по доставеното барање од друштвото.

-На 31 јануари минатата година доставивме барање до три институции меѓу кои и Комитетот за национални малцинства за поставување повеќејазична табла на оваа институција. Месец дена подоцна Комитетот позитивно одговори на нашетобарање, но еве, помина повеќе од една година, а таблата не е поставена, рече Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Комитетот за национални малцинства е институција формирана од владата, во чиј состав е по еден припадник на деветте малцинства признати со закон во Албанија.

Ѓурѓај потсетува дека кусо по доставениот одговор на барањето на друштвото, повеќејазични табли биле поставени од страна на Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, што било поздравено од друштвото.

Врховен ја уважи жалбата на таткото на Вања, излегува од притвор

Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител ја уважи. 

Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.

Првите шест француски воени авиони Рафал слетаа во Загреб (ВИДЕО)

Две години и пет месеци откако Министерството за одбрана на Република Хрватска потпиша договор со Франција за купување на ескадрила користени повеќенаменски борбени авиони Рафал, првите шест авиони од типот Ф3-Р слетаа на аеродромот Плесо.

Така започна конечната реализација на зделката вредна 1,2 милијарди евра, што Загреб требаше да ги одвои за 12 авиони, опрема, резервни делови и обука на пилоти.

Летот од Бордо до Загреб траел еден час и 40 минути, а четири едноседи и два двоседи влегоа во хрватскиот воздушен простор над северниот дел на Јадранот.

„Рафал е авион со два мотори што има напредни сензори, напредни електронски системи... Тој е еден од ретките авиони што може да се наполни со гориво во воздухот, односно од други авиони. Има супер крстарење, може да оди со брзина од 1,4 мах без согорување на дополнително гориво, што го зголемува неговиот домет, а ја намалува потрошувачката на гориво И обично ќе најдете во литературата дека не е повеќенаменски авион, туку омни-наменски“, објасни Давор Третињак, раководител на Секторот за оружје и опрема на Министерството за одбрана.

„Добивме авион кој е „менувач на игри“, кој тотално ја менува играта во секој поглед. Со Rafale стануваме респектабилна сила во заштитата на воздушниот простор и им даваме можност на сите други да видат што имаме. Ништо не криеме, но јасно знаеме дека моментално сме во ваква ситуација со Rafale, со неговите способности, со луѓе кои се едуцирани да ја користат таа платформа на сили во регионот и како НАТО сојузник сме за почит“, рече бригадир Станко Хржењак од Одделот за воздухопловна безбедност на ХРЗ.

Идентитетот на луѓето кои биле во Франција на обука за пилотирање на Рафал е тајна.

Свеченоста за прием на првата група авиони се одржа во касарната „Полковник Марко Живковиќ“ во Плесо кај Загреб, каде ќе бидат сместени авионите долги 15,3 метри, со распон на крилата 10,9 метри и висок 5,34 метри. Целиот настан во организација на Министерството за одбрана беше директно емитуван на четвртата програма на ХРТ.

Во комплексот со вкупна површина од околу 20.000 метри квадратни, наменски се изградени нови згради за симулатори и ескадрила, хангар за одржување, згради за одржување на мотори, магацин за резервни делови и хангар за сместување на авиони. Вредноста на целиот комплекс се проценува на околу 37 милиони евра, пишува хрватскиот портал Index.hr.

притисни ентер