Епидемијата е прогласена откако биле вкупно пријавени девет случаи кои биле епидемиолошки поврзани. Заболените се фамилијарно поврзани, а заболени имало и соседи.
Во Скопје од септември до денеска се регистрирани вкупно 68 случаи на заразна жолтица. Најмногу заболени има во општина Сарај 16 случаи, Ѓорче Петорв 11, Аеродром и Гази Баба девет, најмалку има во Бутел еден.
Од Центарот за јавно за Канал 5 објаснуваат дека изворот на зараза не се училиштата и градинките, иако и во неколку училишта имаше болни од жолтица.
Заразната жолтица се пренесува преку нечисти раце. Извор за заболувањето е фекална бактерија која се уништува само со миење на раце и одржување на лична хигиена. Од центарот велат дека се дадени препораки за правилно одржување на хигиена во училиштата, со вонредни дезинфекции, правилно користење на брисачите за подовите.
Најголем број од заболените 29 се на возраст од 20 до 64 години, седум на возраст до седум години, 14 ученици на возраст од шест до 14 и 16 се на возраст од 15 до 19 години, двајца се над 65 години.
29 болни од 20-64 години
7 од 0-5 години,
14 болни се ученици од 6-14 години
16 болни 15-19 години
2 болни над 65-годишна возраст.