Нови апарати на Очната клиника за дијагностика на ретинопатија кај предвремено родените деца, промени во крвните садови и предниот сегмент

Со оваа метода очекуваме компликациите од тие нарушувања во очите кај предвремено родените деца да резултираа со нула проценти слепило за разлика од тоа што беше досега со старата технологија која не можеше се да детектира. 

Апарати за рана детекција на ретинопатија кај предвремено родените деца, за испитување на промените на крвните садови во очите со прецизна компјутерска слика и во предниот сегмент се ставени во функција на Универзитетската клиника за очни болести.

По тој повод министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети Клиниката по што изјави дека новите апарати на Клиниката се користат во најразвиените европски центри. Посочи дека едниот апарат се користи за многу рана детекција на заболувања на очите, таканаречената ретинопатија кај предвремено родените деца, а другиот апарат е за детекција на промените во крвните садови кај одредени болести како што е глаукомот.

Според него, ова е еден значаен чекор напред во квалитетот, што ќе го пружи Очната клиника во периодот што следи со оглед на тоа што досега за дијагноза на ретинопатија кај предвремено родените деца се користеше стара метода.

– Со оваа метода очекуваме компликациите од тие нарушувања во очите кај предвремено родените деца да резултираа со нула проценти слепило за разлика од тоа што беше досега со старата технологија која не можеше се да детектира. Сега со навремена и точна дијагноза може навреме да се даде соодветна терапија со која клиниката веќе располага за да се надмине тој проблем. Другиот апарат значајно ќе помогне во квалитетот на услугата што ја добиваат пациентите со глауком заради тоа што се добива прецизна и точна компјутерска слика на крвните садови што исто така индицира навремено давање соодветна и модерна терапија, истакна Филипче.

Додаде дека значајно се зајакнува капацитетот на Очната клиника овие изминати две години, примени се шест доктори, дел од нив се веќе на специјализација, а во периодот што следи ќе се примаат уште десеттина медицински сестри со што, според него, многу се олеснува организирањето на работата и се подобрува пристапот и квалитетот на здравствената услуга.

Директорот на Клиниката за очни болести Христијан Дума рече дека aпаратот за брза и навремена дијагноза кај децата со прематурна ретинопатија или кај децата кои се предвремено родени го следи трендот на технологијата во светски размери. Со овој апарат, појасни, ќе имаме бенефит да можеме навремено и брзо да ги детектираме промените кај предвремено родените деца и соодветно да се даде терапија.

– Вториот апарат е наменет за дијагноза на ретината односно на крвните садови и со него може да се направат испитувања и кај пациенти кои имаат сенилна катаракта односно перде. Еден од најголемите проблеми е чекањето на ширењето на зеници, а овој апарат го има тој бенефит да може да работи на мала пупила. Добивме уште еден апарат кој е наменет за дијагноза на предниот сегмент кој е во истата класа како и двата апарати, истакна д-р Дума.

Додаде дека апаратот за испитувања на состојбата на крвните садови и апаратот за дијагноза на предниот сегмент се бесконтактни, брзи и со нив се вршат безболни прегледи и се добива брза дијагноза кај пациентите.

Тошковски: Приведени се вкупно три лица за убиството на лекарот во скопската населба Железара

 Приведени се вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој беше во работна посета на Општина Босилово.

– Според моите информации, приведено е уште едно лице, значи вкупно приведени се три лица. Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, рече Тошковски.

Во вчерашното гостување во поткастот „Претрес“ Тошковски изјави дека има осомничени лица за убиството, како и одредени материјални траги кои водат до осомничените и посочи дека се преземени 20 истражни дејствија, како и дека се прегледани над 50 камери и видео записи.

Според првичните наоди, министерот рече мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.

Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран во парк во близина на поранешната фабрика „Железара“.

Лекарот имал приватна ординација во поликлиниката „Железара“.

Измена на КЗ, политичка одлучност и консензус за тешки реформи

Измена на КЗ, политичка одлучност и консензус за тешки реформи, во фокус на сесијата на Работната група - 4, Поглавје 24.

Измена на Кривичниот законик, визија, политичката одлучност и консензус за спроведување на тешки реформи се дел од препораките за кои се дискутираше денеска на тринаесетта сесија на Работна група – 4, Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност.

На сесијата на тема „Темелни права, правда и слободи преку призмата на механизмот за владеење на правото на Европската Унија“ што се одржа во Скопје, Кристиан Туркаљ, правен експерт за Западен Балкан, главен преговарач во преговарачкиот тим на Република Хрватска, сподели дека за да се оди забрзано на патот кон ЕУ, потребно е да се остварат некои претпоставки, како што се одлучност и консензус за реформи.

- Според мене, клучна е визијата, одлучноста на политичката елита во Македонија, еден консензус на главните чинители тоа вистински да се сака, како би се спровеле тешки реформи. Тука доаѓа до тоа да се биде способен да донесеш тешки одлуки, односно, да не се избегнува донесувањето на одлуки. Одложувањето на одлуките само го одложува процесот и всушност гледаме дека процесот станува сѐ покомплексен, рече тој.

Во однос на прашањето дали тие тешки одлуки се уставните измени, тој одговори дека не би зборувал конкретно за Македонија, но, дека тоа било случај во Хрватска.

- Во случајот на Хрватска тоа вклучуваше, да, и измени на Уставот кои потоа овозмжија примена на Европските прописи во Република Хрватска, дополни тој.

На сесијата, Туркаљ посочи дека треба да се препознае и да се искористи шансата. Тој потенцираше дека независните тела во правосудството мора да имаат капацитет кој опфаќа доволен број на кадар, но, и способен кадар кој што знае да постапува.

Според него, стагнацијата на напредокот може да доведе до блокада и доколку нашата држава сака да оди напред, таа треба да го стави целиот интелект на овие поглавја.

Александра Деаноска Трендафилова, професорка на Правен факултет „Јустинијан први“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и координатор на работната група, на сесијата истакна дека основната порака е дека сме свесни дека состојбите на правото се под мониторинг и дека треба да се проучи механизам за владеење на правото, односно, како што рече, „околу што се врти целата оска“.

- Треба да ги читаме извештаите и директивите што ги даваат другите држави и ЕУ. Имате фиксни параметри што треба да ги исполните, тука може да земеме пример од држави кои добиваат забелешки, а се слични на нашиот систем, да видиме како се соочуваат и да стигнеме до решенија, рече таа.

Во изјава за медиуми по воведните обраќања, таа истакна дека е неопходно да ја почитуваме предлог-директива која е дел од иницијативите на Европската Комисија за зајакнување на антикорупциската рамка и борба во Унијата против корупцијата.

Образложи дека како препорака од денешната дискусија ќе произлезе надлежните министерства, конкретно Министерството за правда, да ја разгледа предлог-директивата и да предложи повторни измени на КЗ, бидејќи, како што рече, ако го чекаме донесувањето на новиот КЗ, тоа ќе потрае.

- Оваа предлог-директива борба против корупцијата, иако не е финален документ, и нас не нѐ обврзува, не треба да заборавиме дека сме во процес на евроитнеграции, усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ, па дури и она што е во фаза на предлог, бидејќи е израз на политиките на ЕУ. Во таа предлог директива, дадена е минимална листа на кривични дела на корупција кои што треба да бидат инкриминирани во кривичните законици на земјите членки на ЕУ, вклучително и делото „злоупотреба на службената положба и овластување“. Нешто што во јавноста беше предмет на дискусија дали воопшто треба да постои како дело, рече таа.

Дополни дека во поглед на предложените казни, тие се многу повисоки од оние што ние ги имаме во актуелниот Кривичен законик, и како што рече, тие особено се намалија кај делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ со измените на КЗ од септември 2023. Предлог-директивата, како што дополни, е донесена во мај 2023 година.

Трпе Стојановски, НКЕУ-МК експерт, професор на Факултет за безбедност, УКЛО – Битола, потенцираше дека ако една држава сака да покаже перформанси, одржливост и борба против корупција мора да инвестира во квалитетна јавна администрација.

По воведните обраќања дел од сесијата е експертска анализа пос која ќе има презентација, дискусија и усвојување на препораки.

Јанчев: Кавадарци станува зелена општина

Кавадарци станува зелена општина – вели градоначалникот Митко Јанчев. 

Изминативе години реконструирано е јавното зеленило на површина од 130.000 метри квадратни, рече меѓудругото првиот човек на Општина Кавадарци.

Целата изјава на градоначалникот Јанчев, погледнете ја во видеото.

притисни ентер