МЛЕЧНИК

РЕЦЕПТ НА: АНА ШИШКОВА

Потребни состојки : 1 кг. брашно, 9 јајца, 1 коцка квасец, малку шеќер, 1 чаша млеко, малку млака вода, малку сол, масло по потреба и 1 кесичка пециво.

Постапка:

Во подлабок сад со брашно се става: малку сол, 1 коцка квасец, малку млеко, малку шеќер и малку масло.

Постепено се додава млака вода и се замесува тесто.

Откако тетстото добро ќе се измеси се остава да отстои 15-тина минути.

За тоа време во подлабок сад се матат 9 јајца со пециво и млеко.

Од тестото се одвовуваат 4 топки.

Од секоја топка се сукаат помали кори и се премачкуваат со масло.

Корите се ставаат една врз друга и од нив се сука поголема кора.

Од останатото тесто се одвојуваат три топки и се повторува истата постапка.

Првата голема кора се става во тепсија премачкана со масло и се попрскува со масло.

Втората голема кора се става врз првата и се попрскува со масло.

Двете кори се печат во загреана рерна околу 15 минути на 250 степени.

Потоа се додава смесата од јајца, пециво и млеко.

Сите состојки се печат дополнително уште 10 минути на 200 степени.

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности (во живо)

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

Македонија меѓу земјите со најмногу планински области во светот

Бутан, мала јужноазиска земја лоцирана во источните Хималаи, е најпланинската земја во светот, со планини кои покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

притисни ентер