Археолозите открија дека и нашите предци не сакале да мијат садови , туку ги фрлале

Чаша од глина без рачка, сместена во галеријата на британскиот музеј во Лондон, е целосно зачувана, иако била фрлена пред 3600 години, веднаш по само една употреба, што е особено интересен детал за изучувачите на историјата, јавува Си-Ен-Ен.

Чашата била направена од Минојците, една од првите напредни европски цивилизации, помеѓу 1700 и 1600 година пред нашата ера на грчкиот остров Крит.

Илјадници амфори за вино се откриени во рамките на археолошкиот локалитет на овој остров, а експертите веруваат дека тие биле направени само за една употреба, по што биле фрлани како денешни пластични чаши.

„Елитата го трошела своето богатство, правејќи големи слави, празници и фестивали. Луѓето се собирале во голем број и, како и денес, ретко кој сакал да ги мие сите тие садови “, вели Џулија Фарли, кустос на британскиот музеј.

Чашата за еднократна употреба ќе биде изложено на изложбата ,,Ѓубрето и ние” во Британскиот музеј со многу посовремени примероци производи за еднократна употреба кои покажале неверојатна издржливост - вклучително и хартиена чаша за топли пијалоци што се служеле на летовите и аеродромите во 90-тите години.

"Луѓето се изненадени што чашите за еднократна употреба не се изум на современото потрошувачко општество, туку биле направени пред илјадници години. Пред три и пол илјади години, Минојците ги користеле поради слична причина како и денес - да се служат пијалоци на забави. Единствената разлика е што керамиката денес е многу повреден материјал и нам ни е чудно што некој ја фрла по една употреба, но во тоа време тоа била како пластиката денес - многу достапна, лесно можела да се произведе и да се обликува “, објаснува Џулија Фарли.

Седум лица повредени во руски напад со дронови врз Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.

-Во нападот се уништени најмалку 14 станови, изјави градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, , пренесе агенцијата Униан.

Во текот на ноќта и главниот град на Украина беше цел на руски беспилотни летала, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.

Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Миколаев./МИА

ДПИ: Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани

 Денот на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Македонија.

Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Од ДПИ потсетуваат дека овие денови се неработни согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година.

- За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува од страна на работодавачите, се вели во соопштението од ДПИ. /МИА

Десничарскиот сојуз на Мелони победи на регионалните избори во јужна Италија

Десничарскиот сојуз на италијанската премиерка Џорџа Мелони победи на регионалните избори, се сметаа за тест на јавното мислење пред европските избори во јуни.

Во Базиликата, јужна Италија, кандидатот на десниот центар Вито Барди беше реизбран за регионален претседател со 56,6 отсто од гласовите, наспроти неговиот противкандидат од левиот центар Пјеро Марезе, кој освои 42,1 проценти од гласовите.

Барди, кој е на власт во Базиликата од 2019 година, рече дека „ќе продолжи да биде претседател на сите“.

Во Базиликата живеат околу 540.000 луѓе, а излезноста на гласачите беше 49,8 отсто, излезноста.

Од октомври 2022 година, ултрадесничарската партија Браќата на Италија на Мелони владеат на национално ниво заедно со десничарската популистичка Лига на Матео Салвини и конзервативната партија Форца Италија. Четиринаесет од 20 региони во Италија имаат централнодесничарски влади. /МИА

притисни ентер