Новиот аргентински претседател ги чуваше своите поранешни студенти да не препишуваат на испит (ВИДЕО)

Новиот аргентински претседател Алберто Фернандез денес накратко се врати на својата стара работа и внимаваше студентите да не препишуваат на испитот по кривично право.

Фернандез, кој вчера положи заклетва, ги изненади студентите кога се појави на Правниот факултет на Универзитетот во Буенос Аирес каде што работел пред претседателската кампања.

Со бројно обезбедување во ходниците на факултетот, Фернандез (60) се возеше со автомобил од претседателската палата.

Во костум со вратоврска, тој седеше трпеливо на стол додека студентите неколку часа го пишуваа завршниот испит.

Кога заврши, тие заедно позираа за семејна фотографија.

"Тој повеќе не е кандидат, туку претседател. Ова е историски ден, вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи во мојот живот", изјави студентката Татјана Пасанини.

Фернандез, кој до неодамна беше релативно непознат во земјата, работеше нормално на факултетот во текот на целата кампања.

Во септември, тој отиде да држи предавања во Мадрид, исполнувајќи го ветувањето што го даде пред да почне со кампањата.

Тој ги испрашуваше студентите до октомври кога на изборите го победи конзервативецот Маурисио Макри.

Краткото враќање кај студентите се случува во пресрет на клучен период за неговата влада, која треба да ја извлече Аргентина од тешката финансиска криза и долгот што треба да го репрограмира од сопствениците на обврзници и Меѓународниот монетарен фонд.

Фернандез, кој беше поддржан од помладите гласачи, се обидува да покаже дека е еден од „обичните“ луѓе, па на социјалните мрежи објави фотографија на која свири гитара или како го носи своето куче на избирачкото место.

Левичарскиот перонист се возеше на својата инаугурација со сопствениот автомобил, мавтајќи низ прозорецот пред толпата што го пречека долж улиците на Буенос Аирес.

Во Штип отворени 74 избирачки места

Во Штип утрово навреме се отворени 74 избирачки места, а гласањето се одвива мирно и без проблеми, информираше претседателот на Општинската изборна комисија(ОИК)-Штип, Виктор Вацев.

Според избирачкиот список со право на глас се 41.489 граѓани, кои своето избирачко право можат да го остварат на избирчаките места.

МИА утрово беше на гласачкото место 22 92 во гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип. Претседателката на Избирачкиот одбор, Васка Тасева вели дека гласачкото место навреме е отворено, а своето право на глас на ова избрачко место можат да го искористат 896 избирачи.

Изборниот процес почна вчера, кога во домашни услови гласаа 158 болни и изнемоштени. Се гласаше и во КПУ _ затвор _ Штип, каде од 203 регистрирани избирачи од 40 македонски општини, правото на глас го искористиле 144 осуденици или 71 проценти.

Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори

Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори, од општинските изборни комисии информираа дека навремено се отворени сите избирачки места.  

Вкупно 113 болни и изнемоштени лица од Росоман и Демир Капија и петмина од затвор, беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, согласно на законот.

- Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас. Од нив, 51 болно и изнемоштено лице, како и двајца од затвор, беа пријавени за гласање за вчера, појасни претседателот на општинската изборна комисија, Александар Чадамов, за МИА.

Во Демир Капија, како што соопшти претседателот на ОИК, Благој Јовановски, 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор, имаа законска можност да гласаат во текот на вчерашниот ден. Инаку, во Демир Капија се регистрирани вкупно 3.216 гласачи.

Навреме отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

 Навреме се отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска општинските изборни комисии.

Елизабета Стојковска, претседателка ОИК Куманово соопшти дека сите избирачки места навреме се отворени. Во Куманово, право на глас имаат 93.364 гласачи, кои гласаат на 167 избирачки места

- Гласањето почна навреме и во Липково, информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири. Во оваа општина право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 36 места.

Претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски, рече дека навреме се отворени гласачките места. Во Старо Нагоричане право на глас имаат има 3.043 гласачи, кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ќе ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

притисни ентер