Сашо Тасевски во „Само Интервју“

Вечерва во „Само Интервју“ беше Сашо Тасевски

Не беше случајно Катица Јанева избрана за функцијата што ја извршуваше, истакна во вечерашното издание на „Само интервју“ актерот Сашо Тасевски. Тој нагласи дека што ја избрале ја знаеле нејзината Ахилова пета, односно дека е слаба и подмитлива личност и воедно додаде дека не очекува завршница на отпочнатите судски процеси, меѓу кои и „Рекет“.

Ги преминавме границите на „нормалното“, искоментира во најновото „Само интервју“, актерот Сашо Тасевски, прашан за неговиот став во однос на новите „бомби“. Тасевски додаде дека борбата за правда е веќе загубена, а државата де факто е федерализирана.

Со оваа политичка гарнитура е завршено, оцени актерот Сашо Тасевски во „Само интервју“. Според него СДСМ успеало да го врати ВМРО-ДПМНЕ на власт, а за ДУИ прогнозира дека ќе ја снајде судбината на ПДП. Тасевски истакна дека треба промена на изборниот модел, кој моментално е биполарен и не дава шанса на трет играч.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само Интервју“ овде.

Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласови разлика

Прењтседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека народот денеска докажал дека си ја сака Македонија. 

Ветував многу работи и сите работи се случија , рече Мицкоски. Ви благодарам од срце, народе на Македонија!

Димитриевски: Денеска ЗНАМ ја испишува новата политичка историја

Прес конференција одржа претседателскиот кандидат Максим Димитеиевски и претседатле на ЗНАМ.

Димитриевски рече дека денеска се роди третата политичка сила во државата со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бидаат нешто ново.

Се продава омилената Honda NSX на легендарниот Аиртон Сена (ВИДЕО)

Наскоро ќе се навршат 30 години од трагичната смрт на Аиртон Сена, а во оваа прилика на продажба пристигна неговиот омилен личен автомобил.

Легендарниот Ф1 пилот ја обожаваше Honda NSX, во чиј развој и тој лично учествуваше. Познат и како јапонско Ферари, NSX е сигурно најдобрата Хонда на сите времиња, а според многумина, најдобриот јапонски суперспортски автомобил.

Затоа, не е чудно што Сена имаше три примероци. Најпознатиот, кој се појавува и во документарниот филм Racing Is In My Blood, убав пример кој го поминал животот на португалските патишта, сега го нуди Auto Trader, а автомобилот се продава за 500.000 фунти.

За оваа не мала сума добивате повеќе од автомобил. Тоа е уникатно парче од историјата и веројатно најпрепознатливиот артефакт на легендата на Ф1. Овој болид го возеше трикратен шампион во Формула 1 кој победи на 41 Гран При и беше инспирација за многу возачи денес, вклучувајќи го и Луис Хамилтон. Загина трагично на 1 мај 1994 година на Големата награда на Сан Марино.

Сегашниот сопственик Роберт Мекфаган го купил NSX во Португалија и оттогаш се грижи и го разгалува. Автомобилот поминал околу 63.000 километри, а единствениот услов на продавачот е автомобилот да биде предаден во август по изложбата на Сена во Силверстоун.


притисни ентер