Ангелов: Официјалниот став на Бугарија е Декларацијата на Парламентот

Официјалниот став на Бугарија е декларацијата на Парламентот, поофицијален став нема од тоа.

Тоа го изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов во одговор на новинарско прашање дали ставот на Бугарската академија на науките (БАН) со кој се негира македонскиот јазик е и официјален став на Софија.

БАН објави реакција на Повелбата за македонскиот јазик на МАНУ, во која вели дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик.

-На 3 декември 2019 година Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) усвои „Повелба за македонскиот јазик". Во неа се конструирани историски и јазични аргументи за заштита на официјалниот книжевен јазик во Република Македонија како посебен самостоен јазик со континуитет и генеалогија, кој во Скопје е наречен „македонски", реагираше БАН и посочи дека документот предизвикал „многу сериозни научни забелешки".

Македонија ќе реагира на ставот на БАН дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Властите во земјава најпрво детално ќе ја разгледаат објавата на БАН, потоа ќе следува реакција и преку Министерството за надворешни работи.

Декларацијата што ја усвои бугарскиот Парламент во октомври годинава, ја содржи поддршката за целосна интеграција на Македонија во ЕУ, но под услов земјава да исполни серија услови во однос на историјата и јазикот. /МИА

Општина Штип почна постапка за одземање на Б дозволата на фирмата САНС- АГ

 Општина Штип ја почна постапката за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ која во реонот на Пeнуш од автомобилски гуми произведуваше течно гориво.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи во Општина Штип, Тоше Ѓоргиевски денеска информираше дека постапката ја почнале пред 30 дена, откако имале инспекциски надзори заедно со државен инспектор за животна средина и по добиениот допис од Министерството за животна средина, во кој се вели дека оваа штипска фирма неколкуратно ги прекршува условите пропишани во Б-интегрираната дозвола.

-Оваа постапка е почната пред 30 дена, но ќе напоменам дека постапката за одземање на дозволата е исто така долга, колку што е и за добивање на Б-интегрирана дозвола, вели Ѓоргиевски.

Тој очекува дека целата постапка за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ да трае од 90 до 120 дена. Инаку, Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање пред два дена ја објави и одлуката на Основниот суд во Штип, кое има изречено парична глоба за правниот субјект и за одговорното лице за затекнатите буриња со течно гориво во кругот на фабриката. Паричната глоба изнесува 1.750 евра, од кои 1.500 за правниот субјект и 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице. САНС-АГ поголго време не работи, а е лоцирана во атарот на Пенуш.

Извлечени две тела на исчезнати работници по уривањето на мостот во Балтимор

Два дена по уривањето на мостот во пристаништето Балтимор, нуркачите извлекоа две тела од водата.

Полицијата во Мериленд соопшти дека станува збор за двајца мажи, на возраст од 26 и 35 години, од Гватемала и Мексико. Двајцата работници биле дел од градежната екипа од шест лица која во моментот на несреќата била на должност на мостот „Френсис Скот Ки“..

Останатите четворица работници се уште се водат за исчезнати, а 18 часа по несреќата беше објавено дека се претпоставува дека се мртви.. Уривањето на мостот, главната сообраќајница преку пристаништето, го затвори пристаништето Балтимор на неодредено време, кое е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД..

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

притисни ентер