Отворањето преговори со Македонија една од темите на средбата Пленковиќ – Макрон

Отворањето на преговорите за членство во Европската Унија со Македонија беше една од темите на синоќешната средба на францускиот претседател Емануел Макрон со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Двајцата политичари разменија мислење околу динамиката и методологијата на водење преговори со земјите кандидати за членство во ЕУ, со фокус на отворањето на преговори со Македонија и Албанија, пренесува ХИНА.

Макрон и Пленковиќ се состанаа во Брисел на маргините на состанокот на врвот на ЕУ.

Во мај, Загреб и Хрватска како следен претседавач со Европската Унија ќе бидат домаќини и организатори на самитот на лидерите на земји членки на ЕУ. Според најавите, таму ќе бидат поканети да учествуваат и шест држави од Југоисточна Европа. Целта на хрватската Влада е до тогаш да биде постигнат консензус меѓу членките, со цел да се даде јасен сигнал за европските перспективи на овие земји, и за старт на преговорите со Македонија и Албанија./МИА

Тренчевска: Опфатот на децата во градинките 48 проценти, до 2028 година ќе изнесува 70 проценти

 Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска денеска информираше дека имаат таргет до 2028 година, 70 отсто од децата да бидат вклучени во градинките.

- Во 2017 година, кога се формира Владата предводена од СДСМ, опфатот на децата во градинките беше од 25 до 27 отсто од вкупниот број деца вклучени во градинките. Денес, тој процент е 48, дополнително ќе се зголеми со градинките што чекаат на отворање. Таргетот ни е до 2028 година, тој процент да се зголеми на 70 отсто деца опфатени во предучилишно образование и секако, тој број да се зголемува, одговори Тренчевска на новинарско прашање на брифингот со новинари во Клубот на пратеници.

Во однос на листите на чекање за прием во градинка, таа кажа дека најкритично е во скопските општини.

- На територијата на целата држава од 2017 година до денес, изградени се 84 градинки со вкупен опфат на над 8 000 деца. Во декември 2023 година, Владата додели четири милиони евра за изградба на нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и во Карпош, подвлече Тренчевска.

Од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени биле вкупно 2 881 лице, а бројот на лиценцирани негувателки и воспитувачки во овој период, изнесувал 740 лица.

НАТО ја одбележува 20-годишнината од своето најголемо проширување

НАТО денеска ја слави 20-годишнината од најголемото проширување на Алијансата, кога на пактот се приклучија седум земји.

„Денеска се навршуваат 20 години од приемот на Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија“, изјави портпаролката на НАТО, Фара Даклала.

„Оваа година се одбележува и 25-годишнината од првото проширување на пактот по Студената војна со пристапувањето на Чешка, Унгарија и Полска, како и 75 години од основањето на Алијансата“, додаде таа.

Претходно овој месец, НАТО објави податоци кои покажуваат дека повеќе од 80 отсто од граѓаните на земјите од пактот се на мислење дека земјите од Европа и Северна Америка треба да работат заедно за безбедноста.

Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека се уште не знае кој ќе му биде тренер. Пред тоа ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ. Србинот истакна дека Хрватот е негова драга личност и нивното пријателство нема да заврши.

-Се уште не знам точно кој ќе биде новиот тренер и дали воопшто ќе има таков. Имам тренери уште од детството, сега се обидувам да се потпрам на моите чувства и самостојно да одлучувам што ми треба, што е позгодно за мене. Ако некој се приклучи на тимот, тоа ќе биде објавено, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ почнаа да соработуваат од 2018 година. Покрај Ѓоковиќ, Иванишевиќ беше тренер на Хрватот Марин Чилиќ, Чехот Томаш Бердих и Канаѓанецот Милан Раониќ.

Од 2018 година, Ѓоковиќ четири пати ги освои Австралија Опен и Вимблдон, како и Ролан Гарос и УС Опен по два пати. /МИА

притисни ентер