Пендаровски: Високата корупција е закана за држава

 Неспорно е дека постојано вршиме прилагодување на домашното право со правото на ЕУ што е наша стратешка цел.

Но, она што е моја лична дилема, а верувам и на најголемиот дел од нашите граѓани е дали државните институции суштински или само формално ги имаат усвоено и ги следат европските вредности и принципи во оваа област, рече претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на денешниот Регионален форум за борба против корупција на тема „Исполнување на ветувањето за проширување на ЕУ: 30 години добро управување и антикорупциски реформи во Централна и Источна Европа".

Претседателот Пендаровски повика на соработка меѓу институциите, невладиниот и приватниот сектор затоа што, подвлече, тоа е еден од успешните начини во справувањето со корупцијата, а транспарентноста и отчетноста се темели на доброто управување и владеење на правото.

– Долги години се занимавам со прашањата од областа на безбедноста и слободно можам да кажам дека во изминатите 10 до 15 години во нашата држава високата корупција прерасна во една од најголемите безбедносни закани за иднината на земјата. Тука морам да го издвојам т.н. случај „Рекет" кој дискредитираше голем дел од нашите напори и надежи за справување со криминалот и високата корупција. Лично не очекував дека носители на толку важни и одговорни функции толку ќе потфрлат во даден момент. Овој случај останува да биде лакмус за правната држава, а со тоа и тест за отпорноста од политички влијанија на клучните институции, истакна Пендаровски.

Според него, искрената борба за правна држава подразбира да се истражуваат криминалите на претходната, но и криминалите на актуелната власт, а истовремено е многу значајно да не се дозволи преку намерно застарување на предметите да се случи таканаречена скриена амнестија на сторителите на дела поврзани со високата корупција.

-Сметам дека е добро што се овозможи да постои континуитет и што предметите од поранешното СЈО беа преземени од редовното Обвинителство. Не постои земја членка на ЕУ која не ни укажува дека мора до крај да го истражиме тој огромен скандал во кој имаше милиони снимки кои мораат да имаат разрешница, во спротивно не може да очекуваме да не третираат како сериозна држава, потенцира Пендаровски. Тој очекува во наредниот период тоа да биде најтешката задача со која системски и сериозно ќе се зафатиме откако ќе почнеме да преговараме со ЕУ.

Шефот на државата смета дека за ефикасна борба против високата корупција потребен ни е нов закон за Јавно обвинителство кој ќе ги задоволува највисоките европски стандарди, наместо, како што рече, преку непринципиелни политички договарања зад сцена да ја компромитираме борбата со високата корупција.

Пендаровски се осврна на принципите на Конвенцијата на ОН за борба против корупцијата која укажува на тежината на проблемите и заканата што таа ја претставува за стабилноста и безбедноста, за демократските и за моралните вредности.

– Нам ни е неопходно системско справување со корупцијата и воспоставување нов вредносен систем за што е предуслов јасно изразената волја на релевантните политички фактори во државата, истакна претседателот Пендаровски и повтори дека неопходните реформи во сферата на владеење на правото и правната држава не треба да ги правиме за да ги задоволиме критериумите за членство во ЕУ, туку за да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и во сопствената држава.

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер