ЗЕЛЕНИКОВСКИ ЗЕЛНИК СО КИСЕЛА ЗЕЛКА

РЕЦЕПТ НА: ВАСКА ОГЊАНОВСКА

Потребни состојки :  500 гр. брашно, 1 лажичка сол, ¼ коцка квасец, 2 лажички масло, млака вода по потреба, ½ главица кисела зелка, малку урда, малку праз и масло по потреба.

Во подлабок сад со брашно се додава: сол, квасец и масло.

Се додава млака вода и се замесува тесто.

Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои 10-тина минути.

Потоа се дели на 9 топки од кои се сукаат помали кори.

На 3 места се спојуваат 2 кори кои претходно се премачкуваат со масло.

Од две помали кори се сука  поголема тенка кора која се става во тепсија премачкана со масло.

Кората се попрскува со масло и врз неа се става втората тенка голема кора.

Истата постапка се повторува и со третата дупла тенка кора.

Седмата тенка сукана кора се става одозгора и се формираат витки на краевите.

Врз неа се става филот од пропржена ситно сечкана кисела зелка, малку урда и сечкан праз.

Осмата сукана кора се става на тарун и се попрскува со масло.

Последната сукана кора се става врз осмата кора и се прават  витки на краевите.

Вака приготвените две кори со витките се ставаат врз филот.

Зелникот се сече, се попрскува со масло и се пече во загреана рерна околу 20 минути.

Се обиделе да украдат два луксузни Ламборџини од салон, не стигнале далеку (ФОТО)

Полициската патрола била малку изненадена кога во раните утрински часови ги виделе двата нови теренски автомобили „Ламборџини“ оставени на крстосница, целосно уништени. 

Во 3:05 часот, аларм се вклучил во салонот на Ламборџини во предградие на Бостон. Една минута подоцна, започнала полициската потера , а наскоро двата скапи автомобила и еден „Шевролет“ биле забележани напуштени на блиската раскрсница. Се разбира, полицијата се обидела да ги сопре автомобилите, но возачите побегнале.

Над 600 КС, моќните Уруси се пеколна машина, па возачите им избегале на полицајците со голема брзина. Возачот на „Шевролет“ кој беше во близина на едниот Урус се предаде веднаш. Се испостави дека и тој бил крадец, но неговиот вкус бил далеку поскромен.

Пет часа подоцна, полицијата на 40 километри оддалеченост од салонот во Малден објави дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале двата автомобила Ламборџини. Тие се забиле еден на друг и еден од возачите веднаш бил уапсен. По вториот  сеуште се трага. Материјалната штета е голема.

Пенс: Со сите потребни средства НАСА да стигне на Марс и на Месечината

НАСА треба да соработува со приватниот сектор, истакна потпретседателот Мајк Пенс во обраќањето за целите на американската вселенска програма.

Враќањето на американски астронаути на Месечината во 2024 година, а потоа испраќање пионери на Марс следната деценија, останува главен приоритет за администрацијата на Трамп, истакна потпретседателот Мајк Пенс.

„Претседателот јасно стави до знаење дека ние ќе ја постигнеме оваа цел со сите неопходни средства“, рече Пенс за време на говорот пред вработените во истражувачкиот центар на НАСА во Лангли, Вирџинија.

„За да успееме, ние ќе продолжиме да се фокусираме на мисијата“, додаде Пенс, кој исто така претседава со Националниот совет за вселенска политика.

Во декември 2017 година, претседателот Доналд Трамп ја потпиша Директивата за вселенска политика-1, која официјално и наложи на НАСА да работи кон враќање на луѓето на Месечината за прв пат по 1972 година и да го искористи најблискиот сосед на Земјата како отскочна даска до Марс.

Оригиналниот временски распоред беше насочен кон 2028 година за враќање на Месечината, каде би требало д азаминат двајца астронаути, вклучувајќи го и првиот женски претставник, до лунарниот јужен пол. Но, во март минатата година, Пенс најави значително забрзување, насочувајќи ја НАСА да ја има за цел 2024 наместо 2028.

Агенцијата исто така работи кон амбициозни временски рамки. На пример, НАСА има за цел да воспостави одржливо, долгорочно човечко присуство на и околу Месечината до крајот на 2020-тите и да стапне на Марс некаде во 20-тите години на 21. век.

Сакал да ограби 77- годишник , па настрадал (ВИДЕО)

77-годишник од Велика Британија вадел пари од банкомат кога му пристапил разбојник кој сакал да го ограби.

Но, тој не очекувал дека  дедото ќе му се спротивстави и на крајот ќе добие ќотек и тоа со боксерски вештини на Британецот. Полицијата од Јужен Велс ги објави снимките, а дедото доби бројни комплименти на социјалните мрежи. Погледнете како изгледаше инцидентот.

притисни ентер