Италија , Франција и Кипар утре на заедничка воена вежба во источниот Медитеран - Турција негодува

Франција, Италија и Кипар планираат утре да одржат заеднички големи воени вежби во медитеранскиот регион, среде спорот околу снабдувањето со природен гас, јавуваат локалните кипарски медиуми.

Вежбите јужно од Кипар ќе вклучуваат два брода на италијанската и француската морнарица и кипарска поморска единица, објави денес државната телевизија РИК, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

Причината за италијанско-француското воено присуство во источниот Медитеран е откривањето на резервите на природен гас јужно од Кипар. Италијанските и француските енергетски компании ЕНИ и Тотал се вклучени во истражувањето.

Снабдувањето со гас е во центарот на спорот меѓу Турција и Кипар.

Турција во областа започна со дупчење во јуни , што Кипар не го одобрува. ЕУ воведе санкции против Турција следниот месец. Анкара тврди дека нејзините активности се легитимни според меѓународното право, додека ЕУ ги смета за нелегални.

Експертите веруваат дека во околината на Кипар има околу 227 милијарди кубни метри природен гас.

Проблемот повторно ги разбуди старите тензии. Кипар е поделен остров од 1974 година на грчки јужен и на турски северен дел.

Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот

Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. 

Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража.

Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.

Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.

Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Да му помогнеме на малиот Војдан, кој треба да оди на рехабилитација во Загреб

Малиот Војдан, заради рехабилитација од церебрална парализа, на 06 мај треба повторно да патува во Загреб, каде што одат секој месец. 

Фондот за здравство ги одбил, бидејќи не се работело за операција. Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука

Контактите од Марија Спасовска, мајката на Војдан се:

[email protected]

072221907

ДИК: Подносителите на листите имаат право на приговор во рок од 48 часа

Претседателот на Дражавната изборна комисија Александар Даштевски со најнови податоци за првиот круг од претседателските избори, што се одржаа вчера.

Даштевски ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите по вчерашното гласање во првиот круг на претседателските избори. Излезноста била 49,93%.

притисни ентер